Маск го најавува лансирањето на Грокипедија, како конкурент на Википедија
Идната Грокипедија ќе се потпира на четботот Грок, кој, според Маск, е способен да ја анализира содржината на страниците, да препознава вистини, полувистини и неточни информации, а потоа да ги корегира со додавање на „недостасувачки контекст“
Маск го најавува лансирањето на Грокипедија, како конкурент на Википедија
Маск тврди дека новата платформа ќе претставува „големо подобрување“ во однос на Википедија, која тој постојано ја критикува како пристрасна / Reuters
пред 6 часа

Американскиот претприемач Елон Маск објави на социјалната мрежа X дека неговата компанија xAИ развива своја онлајн енциклопедија наречена „Грокипедија“, со која планира да се натпреварува со Википедија.

Маск тврди дека новата платформа ќе претставува „големо подобрување“ во однос на Википедија, која тој постојано ја критикуваше како пристрасна.

Идната Грокипедија ќе се потпира на четботот Грок, кој, според Маск, е способен да ја анализира содржината на страниците, да препознава вистини, полувистини и неточни информации, а потоа да ги корегира со додавање на „недостасувачки контекст“.

Маск не прецизираше кога би можела да биде лансирана Грокипедија, но се очекува да привлече корисници кои ја делат неговата критика за Википедија и нејзиниот модел на финансирање преку донации.

Основачот на Википедија, Џими Велс, вели дека неговата платформа е посветена на точноста на информациите и предупредува дека мрежата X на Маск се соочува со сериозни обвинувања за ширење дезинформации.

Википедија е седмата најпосетувана веб-страница во светот и се потпира на работата на стотици илјади волонтери, но Маск се надева дека ќе ја промени состојбата на пазарот.

Повеќе
Данок на мозок од 100.000 долари: Дали САД штотуку ги банкротираше иновациите?
Седум од девет клучни системи на Земјата се во опасност
Истражување: Ризикот од деменција поврзан со осаменоста во детството
Кина користи соларни панели за да го спречи ширењето на пустините
Мајкрософт ги прекинува услугите за израелска воена единица поради наводи за надзор
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Трамп ги именува технолошките и медиумските гиганти во планот за американското преземање на TikTok
Вештачката интелигенција може да препознава и анализира офтомолошки болести преку скенирање на очи
Истражување: Аспиринот го намалува ризикот од повторна појава на колоректален карцином
Хуавеи го претстави „суперјазoл“- домашниот кластер на компјутери со ВИ без чипови на Нвидиа
Почна светската продажба на ајФон 17 на Епл, купувачите од Пекинг до Лондон чекаат во редици
Северна Кореја тестираше тактички дронови за напад и поттикнува напредокот на ВИ под надзор на Ким
Ветеранка од НАСА ги пофали напорите на Туркије во вселената, предвидува повеќе турски астронаути
Посетителите на TEKNOFEST го искусуваат системот за воздушна одбрана „Челична купола“ на Туркије
Во Русија за прв пат е исплатена плата во дигитални рубљи
Опен АИ воведува построги ограничувања за корисниците под 18 години