| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган: Туркије воспоставува дигитален мост меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток
Од вештачката интелигенција до автономните системи, од центрите за складирање и обработка на податоци до беспилотните технологии- Туркије спроведува иницијативи и проекти што многу земји ги следат со восхит, рече Ердоган
Ердоган: Туркије воспоставува дигитален мост меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток
Ердоган се обрати на церемонијата за доделување награди за 2025 година на Советот за научни и технолошки истражувања и Турската академија на науките / AA
 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник изјави дека е потпишан стратешки меморандум за разбирање за воспоставување на првиот „хиперскаларен облак регион“ во Туркије.

Говорејќи на церемонијата за доделување награди за 2025 година на Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (ТУБИТАК) и Турската академија на науките (ТУБА) во Анкара, Ердоган рече дека проектот е планиран да стане оперативен во периодот 2028–2029 година.

„Со овој проект Туркије ќе воспостави дигитален мост меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток, а нашата земја ќе стане центар за податоци во својот регион“, нагласи Ердоган.

Тој истакна дека е неопходно земјата внимателно да ги следи најновите научни достигнувања, но и целосно да ги усвои, градејќи ја својата иднина врз идеи и дела што произлегуваат од националниот идентитет.

„Од вештачката интелигенција до автономните системи, од центрите за складирање и обработка на податоци до беспилотните технологии – Туркије спроведува иницијативи и проекти што многу земји ги следат со восхит“, додаде турскиот претседател.

Ердоган им честиташе и на академиците што постигнале значајни резултати во различни научни области, меѓу кои електрохемија, механика на цврсти тела, експериментална психологија, РНК-биологија, стоматологија, неврологија, историја и филозофија.

Тој посочи дека добитниците на наградите доаѓаат од универзитети од сите региони на земјата, оценувајќи го тоа како показател дека високообразовните институции во различни градови даваат иновативен придонес кон научниот капацитет на Туркије.

Повеќе
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Туркије го повика Израел да стави крај на политиките против соседите
За финскиот претседател Туркије е значаен европски безбедносен чинител и незаменлив сојузник во НАТО
Туркије ќе ја проширува зелената инфраструктура за да ја направи ВИ еколошки поодржлива
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
Мајстор Јахја со децении ја продолжува семејната традиција на изработката на сазови
Образовниот систем на Туркије се спротивставува на глобалниот тренд
Ратификацијата на поморскиот договор Либија-Туркије ја доведува во прашање стратегијата на Грција
Ердоган: Туркије и Катар ќе работат заедно во зачувувањето на регионалниот мир
Бајрактар: Во следните недели ќе почне физичкото пуштање во работа на првиот реактор во НЦ „Акују“
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Ердоган повика на итен крај на војната на САД против Иран во разговорите со Пезешкијан
Туркије и Канада потпишаа договор за потенцијална изградба на нова нуклеарна централа
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година