| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Конкретно нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан добар напредок, во поглавјето Слободно движење на капиталот дури е зголемено нивото на подготовка, изјави премиерот по примањето на Извештајот од ЕК
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Битно е да се надминат политичките поделби и да се забрзаат реформите и да се заврши со именувањата и назначувањата, изјави евроамбасадорот Рокас / Others
6 ноември 2025

Владата останува стопроцентно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија што претставува важна придобивка за нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности, изјави премиерот Христијан Мицкоски веднаш по примањето на Извештајот од Европската комисија од евроамбасадорот Михалис Рокас.

Според премиерот, овој извештај не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој државата одговара на долгорочните европски приоритети.

„Во Извештајот се нотира дека во некои области постои одреден или ограничен напредок. Конкретно нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан добар напредок. Во едно поглавје- Слободно движење на капиталот -дури е зголемено нивото на подготовка благодарение на приклучувањето кон СЕПА и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите направени во економијата“, вели премиерот.

Позитивни оценки има и во делот на дигитализацијата, јавната администрација, системите за е-набавки и сајбер-безбедноста, како и во образованието и науката, преку зголеменото учество во европските програми Хоризон Европа и ЦОСТ.

Мицкоски посочи дека во областа на инфраструктурата, Европската комисија ги нотира големите активности околу Коридорот VIII, TЕН-T мрежата и новиот Закон за енергија, кој отвора пат кон зелена и праведна енергетска транзиција.

Посебно внимание премиерот му посвети на делот за слободата на изразување и медиумите, нагласувајќи дека е постигнат реален напредок во медиумската регулатива и институционалната независност.

„Зајакната е финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што претставува важен чекор кон транспарентно и професионално медиумско работење,“ рече Мицкоски, додавајќи дека изборот на новите членови на Советот на АВМУ во Собранието ја потврдил заложбата за демократски процес и институционална стабилност.

Премиерот истакна дека Владата активно работи на усогласување со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMФA), и дека измените во Законот за медиуми се чекор кон создавање правна рамка која ќе ја гарантира медиумската слобода и плурализмот.

Во однос на предизвиците, Мицкоски рече дека државата мора да ја засили динамиката во делот на владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, а политичката поларизација и слабата институционална координација остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите.

„Оваа Влада е целосно свесна за тие предизвици и веќе работи на нивно надминување. Поставени се нови приоритети за реформа на судството, зголемување на одговорноста и воспоставување јасни критериуми за оценување на судиите и обвинителите,“ изјави Мицкоски.

Во делот на антикорупцијата, најави дека целосната дигитализација на јавните набавки и зголемувањето на буџетската транспарентност ќе продолжат и во 2026 година.

Тој подвлече дека Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на партизација во јавната администрација и да воспостави систем во кој компетенцијата и професионалноста ќе бидат единствените критериуми за напредување.

„Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите што ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде што има застој, со конкретни мерки, јасни рокови и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во Европската Унија.“

Но евроамбасадорот Михалис Рокас, иако рече дека е постигнат одреден напредок, сепак се задржа на она за кое вели дека нема напредок и дека треба да се работи за да се подобрат оценките. Тој не испушти да ја спомене и обврска за уставните измени.

„Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупција, ова останува од суштинско значење да се направи. Ова не се само одредници туку се темел за довербата на граѓаните и за европската иднина на државата. Битно е да се надминат политичките поделби, да се забрзаат реформите и да се заврши со именувањата и назначувањата. Постои сериозна можност да се започне дијалог да се продолжи со обврската во однос на уставните промени, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

Повеќе
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП