| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ѓулер: Безбедноста на Кавказ е нераскинливо поврзана со безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија
Турскиот министер за одбрана ја истакна важноста на регионалната соработка, поддршката за територијалниот интегритет и безбедноста на енергетските и транспортните проекти за време на трилатералната средба во азербејџанскиот град Шуша
Ѓулер: Безбедноста на Кавказ е нераскинливо поврзана со безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија
Јашар Ѓулер (во средина) на 13. трилатерален состанок на министрите за одбрана со Азербејџан и Грузија, одржан во Шуша, Азербејџан
 

Турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер изјави дека безбедноста на Кавказ не може да се разгледува одвоено од безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија, нагласувајќи ја важноста на трилатералната соработка за мирот и стабилноста во регионот.

Изразувајќи задоволство што присуствува на трилатералната средба на министрите за одбрана во азербејџанскиот град Шуша- кој го нарече срцето на културата на земјата -Ѓулер во петокот рече дека Туркије, Азербејџан и Грузија се три пријателски соседни земји поврзани со заедничка историја и географија, меѓусебна доверба и силни врски на пријателство.

Тој истакна дека силните врски меѓу трите земји прераснале во сè подлабока и повеќедимензионална стратешка соработка, додека Јужен Кавказ минува низ значајна трансформација.

Посочувајќи дека Туркије ги поздравува неодамнешните случувања насочени кон воспоставување мир меѓу Азербејџан и Ерменија, Ѓулер рече: „Веруваме дека оваа нова ера ќе создаде нови можности за соработка на Јужен Кавказ преку заедничките напори на земјите од регионот“.

„Тука, соработката меѓу Туркије, Азербејџан и Грузија е од особено значење“, рече тој.

Ѓулер изјави дека постоечките енергетски, транспортни и комуникациски проекти меѓу трите земји придонесуваат не само за економскиот развој, туку и за регионалната безбедност и стабилност.

„Обезбедувањето на сигурноста на овие проекти е заедничка одговорност на нашите земји“, рече тој.

Силна поддршка

Ѓулер наведе дека заедничките воени вежби, обуките и размената на искуства меѓу вооружените сили на трите земји претставуваат практичен израз на оваа одговорност.

„Безбедноста на Кавказ не може да се разгледува одвоено од безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија“, рече тој.

„Во тој дух, би сакал уште еднаш да ја изразам нашата силна поддршка за независноста и територијалниот интегритет на Грузија и Азербејџан“, рече тој, додавајќи: „Во наредниот период сме подготвени дополнително да ја унапредиме постоечката доверба и солидарност меѓу нашите три земји на начин што ќе придонесе за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на Кавказ“.

За време на престојот во Шуша, Ѓулер одржа и одделни билатерални средби со азербејџанскиот министер за одбрана, генералот Закир Хасанов, и со грузискиот вицепремиер и министер за одбрана, Иракли Чиковани.

Според турското Министерство за национална одбрана, Ѓулер и Хасанов се сретнале пред трилатералниот состанок.

Ѓулер се сретнал и со Чиковани во рамките на неговата посета на Шуша по повод трилатералниот состанок на министрите за одбрана.

Повеќе
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата