СВЕТ
2 мин читање
Германија и Данска за соборување на дроновите кои го нарушуваат нивниот воздушен простор
Забележуваме растечка ситуација со хибридна закана со шпионажа и саботажа. Треба да развиеме нови одговори. Ова значи откривање, одбрана, пресретнување и нивно соборување, изјави германскиот миснистер за внатрешни работи Александар Добриндт
Германија и Данска за соборување на дроновите кои го нарушуваат нивниот воздушен простор
Denmark Drones / AP
пред 8 часа

Германија ќе воспостави центар за одбрана од дронови и ќе ги овласти безбедносните службеници да соборуваат неовластени дронови во рамките на своите национални граници, објави денеска владата.

Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт на прес-конференција во Берлин, по дводневниот состанок на кабинетот, објави дека владата наскоро ќе усвои ново законодавство со кое ќе се зајакнат компетенциите и законските овластувања на безбедносните сили за борба против заканите од дронови.

„Забележуваме растечка ситуација со хибридна закана што вклучува шпионажа и саботажа. Треба да развиеме нови одговори. Ова значи откривање, одбрана од и пресретнување на дронови - што секако вклучува и нивно соборување“, додаде тој.

Данската премиерка Мете Фридриксен денеска исто така изјави дека е „за“ соборување на беспилотни летала што го нарушуваат националниот воздушен простор

„Општо земено, јас сум за тоа. Во Данска, постои мандат да се обидеме да ги собориме. Секако, тоа мора да се направи на вистинскиот начин“, изјави Мете Фредериксен пред состанокот на лидерите на ЕУ во Копанхаген.

Таа, исто така, рече дека „се надева“ дека сите ќе препознаат дека сега има „хибридна војна“.

„Еден ден е Полска, следниот ден е Данска, а следната недела веројатно ќе видиме саботажи или беспилотни летала што летаат некаде на друго место“, додаде таа, осврнувајќи се на неодамнешниот бран на кршења на воздушниот простор или саботажи.

Данска ги забрани летовите на цивилни беспилотни летала една недела пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во среда и четврток.

Данските власти го затворија воздушниот простор над неколку аеродроми минатата недела поради извештаи за активност на беспилотни летала, што доведе до пренасочувања на летовите и зголемени безбедносни загрижености поради она што Фредериксен го опиша како „хибридна војна што се одвива на данска почва“.

Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ги Полска, Романија, Латвија, Естонија, Норвешка и Данска, неодамна објавија повреди на воздушниот простор или прекини предизвикани од беспилотни летала, од кои некои наводно се потврдени дека се од руско потекло.

Русија негираше поврзаност со беспилотните летала.

Повеќе
Двајца загинати со напад на украински дрон во близина на Москва
Првични резултати: Проевропската партија ПАС освои мнозинство на изборите во Молдавија
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Ердоган: Со Трамп постигнавме разбирање за прекинот на огнот во Газа
Саудиска Арабија иницира формирање меѓународна коалиција за финансирање на Палестинската управа
Трамп вели дека „нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег“
Италијанската премиерка Мелони: Израел нема право да спречи создавање на палестинска држава, да гради нови населби
Супер тајфунот Рагаса го погоди Хонг Конг: 82 повредени, предизвикана е голема штета
Поранешниот француски претседател Саркози прогласен за виновен за криминален заговор
Осум од десет Американци сметаат дека САД е во политичка криза по убиството на Чарли Кирк
Сеул тврди дека Северна Кореја има 2.000 килограми високо збогатен ураниум
Австралискиот премиер вели дека вистинската вредност на ОН „се мери со дела“
Словенија бара крај на геноцидот во Газа за да се исполни одговорноста на светот како човечки суштества
Во Англија уапсен осомничен за кибер-напади врз неколку аеродроми низ Европа
Повеќе убиени и ранети лица во пукотница во објект на Службата за имиграција и царина во Далас