| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Дипломираше првата генерација на Факултетот за дентална медицина при ИБУ
Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет, Билал Суџубаши, рече дека со дипломирањето на првата генерација на Факултетот за дентална медицина отворена е нова страница во историјата на универзитетот
Дипломираше првата генерација на Факултетот за дентална медицина при ИБУ
Емир Еминовиќ, најуспешниот студент од генерацијата им се заблагодари на професорите и асистентите кои им ја
 

На Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје беше одржана свеченост по повод дипломирањето на првата генерација на Факултетот за дентална медицина.

На свеченоста, одржана во кампусот на ИБУ, присуствуваа вицепремиерот на Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, заменик-шефот на Мисијата и прв секретар во Амбасадата на Туркије во Скопје, Анил Кајалар, претставници на турските институции и организации во земјата, пратеници во Собранието на Северна Македонија, претставници на ИБУ, професори, студенти и нивните семејства.

Сали во своето обраќање им честиташе на дипломираните студенти.

Нагласувајќи дека зад секоја диплома доделена денес стојат долгогодишна работа, практична обука и истрајност, Сали рече: „Додека вашето знаење ќе го насочува лекувањето, вашето трпение и посветеност ќе им помогнат на пациентите да се чувствуваат сигурно“.

Претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Билал Суџубаши, рече дека со дипломирањето на првата генерација на Факултетот за дентална медицина отворена е нова страница во историјата на универзитетот.

„Драги млади, без оглед на тоа каде ќе бидете во светот по многу години, денешниот ден секогаш ќе остане многу посебен за вас. Бидејќи секогаш ќе бидете запаметени како првата дипломирана генерација на овој факултет“, рече Суџубаши.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, го опиша Факултетот за дентална медицина, основан пред шест години, како долг пат, додавајќи: „Основањето и процесот на институционализација на Факултетот за дентална медицина нè научи на многу работи“.

Емир Еминовиќ, најуспешниот студент од генерацијата 2026 на Факултетот за дентална медицина, им се заблагодари на професорите и асистентите кои им ја пружиле сета потребна помош во текот на нивното академско образование.

Повеќе
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати