| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Празници и неработни денови: Кој во регионот најмногу одмара?
Со 28 неработни дена во текот на годината поради различни државни и верски празници, Северна Македонија е на првото место во регионот според неработните денови. Најмалку неработни денови имаат граѓаните на Албанија и Хрватска, односно 14.
Празници и неработни денови: Кој во регионот најмногу одмара?
Празници и неработи денови: Кој во регионот најмногу одмара?     Фото: TRT Balkan / TRT Balkan
21 јануари 2023

Кој на Балканот најмногу работи, а кој најмногу одмара? Ова прашање неретко е предмет на дискусија во земјите од регионот, во кои се одбележуваат бројни верски, државни и традиционални празници.

ТРТ Балкан истражи колку неработни денови има секоја од земјите од Западен Балкан и каде граѓаните најмногу одмараат, а каде најмалку во текот на календарската година.

Северна Македонија 28 неработни деновиСо вкупно 28 неработни денови во текот на календарската 2023 година, во кои се вклучени државни, верски, но и други празници, Северна Македонија е на првото место во земјите од регионот, кога станува збор за бројот на неработни денови. Меѓу нив се државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници во земјата, на оние припадници на заедниците кои во Уставот се наведени како конститутивни, меѓу нив Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи.

Црна Гора и Косово со по 21 неработен денПо Северна Македонија, следуваат Црна Гора и Косово каде граѓаните имаат по 21 неработен ден поради различни празници. Според црногорскиот Закон за државни и други празници, сите празници во Црна Гора се празнуваат два дена, а неработни се и главните верски празници. Доколку празникот се паѓа в недела, неработни се двата наредни денови. Доколку втор празничен ден е недела, неработен е првиот нареден ден.Државјаните на Косово имаат вкупно 21 неработен ден поради празниците. И во Косово, етничките заедници како неработни денови ги имаат своите национални празници кои ги празнуваат неработно.

Во Србија во календарската година има вкупно 19 неработни денови по основ државни и верски празници. Исто така, во Србија има и пет различни празници кои се празнуваат работно.

Во БиХ 18 неработни дена поради празницитеДржавјаните на Босна и Херцеговина имаат 18 неработни денови поради празниците. Покрај празниците кои во Федерацијата на Босна и Херцеговина се одбележуваат како државни празници, со Законот за работа е утврдено правото на работникот да отсуствува од работа четири работни дена во текот на една календарска година поради задоволување на неговите верски односно традициски потреби, со тоа што отсуството од два дена може да го користи како плателно отсуство, а два дена како неплатено отсуство.

Албанија и Хрватска со најмалку празнициСпоредено со другите земји од регионот, најмалку неработни денови по основ на празници имаат државјаните на Албанија и Хрватска.

Според официјалните податоци 14 неработни дена поради празниците во текот на 2023 година имаат државјаните на Албанија. Исто толку неработни дена поради државни и верски празниците во текот на годината имаат и државјаните на Хрватска, единствената земја од регионот членка на Европската Унија.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“