| Macedonian
Инстант плаќањата стануваат реалност-почнува нова ера во платежната инфраструктура во земјава
Од денеска функционира платформата на клонот на ТИПС-технолошка основа за воспоставување на Националниот инстант платен систем и воведување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, соопшти Народната банка
Инстант плаќањата стануваат реалност-почнува нова ера во платежната инфраструктура во земјава
Банката на Италија официјално ја пушти во употреба платформата, а на настанот присуствуваа гувернерите на петте централни банки од Западен Балкан / Others
 

Од денеска почна со функционирање платформата на клонот на ТИПС, која преставува технолошка основа за воспоставување на Националниот инстант платен систем и воведување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, соопшти Народната банка.

„Со приклучувањето кон клонот ТИПС, нашата земја прави значаен историски чекор во модернизацијата на националната платна инфраструктура и усогласувањето со европските стандарди за домашните плаќања, во директна полза на граѓаните и компаниите. Оваа иницијатива е многу повеќе од технолошка модернизација на платниот систем. Со неа се придонесува за спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар на Западен Балкан и се унапредуваат приоритетите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, потврдувајќи ја нашата посветеност на европската агенда. Со модернизирање на националните платни системи, го зајакнуваме нашиот пат кон целосна европска интеграција, со крајна цел подобрување на животниот стандард и поттикнување одржлив економски просперитет“, истакна гувернерот Трајко Славески во своето обраќање во Банката на Италија пред гувернерот Фабио Панета, каде што заедно со гувернерите од Западен Балкан го одбележаа заокружувањето на процесот на воспоставување на регионалната платформа на клонот на ТИПС.

Со денешното воспоставување на инфраструктурата на националниот систем за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС се прави значаен исчекор во развојот на домашниот платен промет.

Согласно утврдената динамика на имплементација, предвидено е деловните банки во земјата да го завршат процесот на техничко поврзување и пристапување кон системот заклучно со јануари 2027 година, по што услугата за инстант плаќања ќе стане целосно оперативна и достапна за граѓаните и за бизнис-секторот преку сите банки во државата.

Тоа ќе овозможи парите да се пренесуваат за само неколку секунди, во кое било време од денот и ноќта, секој ден во годината, вклучително и за време на викендите и празниците. Со тоа, граѓаните и компаниите ќе добијат пристап до побрзи, поефикасни и современи начини на плаќање, усогласени со европските стандарди.

Клонот на ТИПС е платформа развиена и управувана од Банката на Италија, врз основа на технологијата на ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement) ̶ услуга на Евросистемот за порамнување на инстант плаќањата во пари на централните банки.

Преку неа се овозможува порамнување на плаќањата во реално време, како во националните валути на петте земји учеснички од Западен Балкан, така и во евра. Оваа заедничка технолошка основа претставува важен предуслов за поврзување на националните системи за инстант плаќања и нивна интеграција со европската платежна инфраструктура.

Проектот започна минатата година, а од ноември годинава сите пет земји од регионот се приклучени на платформата овозможувајќи извршување инстант плаќања во националните валути на петте земји.

Во следниот период се очекува овозможување и на прекугранични плаќања во евра помеѓу овие земји. Со тоа се создаваат услови за поефикасен и поврзан регионален платежен простор, зајакнување на соработката меѓу централните банки и унапредување на прекуграничните плаќања.

Заедничката иницијатива претставува и конкретен чекор кон приближување на платните системи во регионот до европските стандарди и практики.

Гувернерите на централните банки од регионот ја истакнаа важноста на оваа иницијатива за поврзување на националните системи за инстант плаќања и за создавање можности за нивна идна интероперабилност со европската платежна инфраструктура. Со тоа се поставува основа за регионален систем што ќе овозможи побрзи и поефикасни прекугранични трансакции, како и поширока достапност на современите дигитални платежни услуги.

Придобивките од новата инфраструктура ќе одат многу подалеку од брзината на извршување на плаќањата. Таа ќе овозможи развој и воведување нови дигитални услуги, како што се иницирање плаќања со користење мобилен телефонски број или електронска адреса, барање за плаќање, проверка на примачот, онлајн плаќања и плаќања преку интероперабилни кодови. Овие можности ќе придонесат за полесно секојдневно плаќање, поголема употреба на дигиталните канали, особено кај трговците и малите компании и забрзување на дигитализацијата на јавниот и приватниот сектор.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите