| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
УНИЦЕФ: Сè поголем број детски жртви во конфликтот на Блискиот Исток
Дваесет и три дена по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, децата низ регионот ја плаќаат највисоката цена. Понатамошното тонење во поширок или долготраен конфликт би било катастрофално за уште милиони луѓе
УНИЦЕФ: Сè поголем број детски жртви во конфликтот на Блискиот Исток
УНИЦЕФ: Сè поголем број детски жртви во конфликтот на Блискиот Исток / AP
24 март 2026

Децата на Блискиот Исток плаќаат „висока цена“ откако минатиот месец започна војната меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Израел против Иран, предупреди вчера висок претставник на УНИЦЕФ, јавува Анадолу.

„Дваесет и три дена по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, децата низ регионот ја плаќаат највисоката цена. Понатамошното тонење во поширок или долготраен конфликт би било катастрофално за уште милиони луѓе“, изјави пред новинарите во Њујорк, Тед Чаибан, заменик-извршен директор на УНИЦЕФ за хуманитарна акција и операции за снабдување.

Чаибан истакна дека повеќе од 2.100 деца се убиени или повредени, вклучувајќи 206 деца во Иран и 118 во Либан. Тој исто така предупреди на масовното раселување во неколку земји, предизвикано од непрестајното бомбардирање и наредбите за евакуација.

Според процените на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) во Иран, Чаибан наведе дека до 3,2 милиони луѓе се раселени, меѓу кои и околу 864.000 деца.

„Повикуваме на три итни акции: прекин на непријателствата, заштита на цивилите и на цивилната инфраструктура“, рече Чаибан, потсетувајќи ги сите страни на нивните обврски според меѓународното хуманитарно право.

Ескалацијата во регионот продолжува да се зголемува откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива врз Иран на 28 февруари, во која досега загинаа над 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои има американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата и нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа