| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски-Кос: Владата е целосно мобилизирана за исполнување на ЕУ реформите
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека на средбата станало збор за спроведувањето на Планот за раст, при што Муцунски ја нагласил целосната подготвеност на државните институции за реализација на потребните реформи
Муцунски-Кос: Владата е целосно мобилизирана за исполнување на ЕУ реформите
Муцунски-Кос: Владата е целосно мобилизирана за исполнување на ЕУ реформите / AA
24 март 2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која беа разменети мислења за текот на пристапниот процес и реформската агенда на земјата, јавува Анадолу.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека на средбата станало збор за спроведувањето на Планот за раст, при што Муцунски ја нагласил целосната подготвеност на државните институции за реализација на потребните реформи.

„Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ-реформите и преземените обврски во рамки на реформската агенда“, истакна Муцунски, поздравувајќи ја притоа конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби.

За време на разговорот бил поздравен и напредокот во повеќе клучни иницијативи кои носат директни придобивки за граѓаните и економијата, со акцент на пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА) и процесите за усогласување со европските правила за роаминг.

Во соопштението се додава дека биле разгледани и прашања поврзани со секторската соработка со Унијата, со примарен фокус на економската интеграција и поврзаноста.

Претходно во текот на денот, Муцунски одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмираше посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачувањето конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошното усогласување со стандардите на ЕУ.


Повеќе
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Иранска хакерска група тврди дека го пробила телефонот на поранешниот израелски началник на армијата
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување