Цветна фабрика: Емоција што се подарува
КУЛТУРА
2 мин читање
Цветна фабрика: Емоција што се подарува„Цвеќарството ме научи да сум секогаш присутна,“ вели Исидора, гледајќи на секој букет како на краткотраен миг кој стои да биде забележан
Цветна фабрика: Емоција што се подарува / TRT Balkan MK
8 декември 2025

Во моментот кога ќе влезете во малото студио на „Цветна фабрика“, веднаш сфаќате дека ова не е обична цвеќарница. Воздухот е исполнет со мирис на свежи пупки, нежни нијанси и тивко внимание кое ја следи секоја рака што создава. Овде, букетот не е само украс, тој е порака, чувство, мал универзум што се подарува.

Сопственичката Исидора Кутлешовска, која заедно со Сандра Спирова ја основа „Цветна фабрика“, вели дека токму тоа ја прави нивната професија посебна. „Иако за многумина можеби цвеќарството е една обична професија, за мене е чест што можам и умеам да пренесам нечија емоција,“ објаснува таа. Исидора додава дека за секоја прилика- од родендени, венчавки и раѓања, па сè до тешките моменти- цвеќето станува мост меѓу испраќачот и примачот, меѓу емоциите што ги носи секој букет.

Еден од најголемите предизвици, но и најголемите моменти на гордост за нив бил кога „Цветна фабрика“ добила покана да работи за Музејот на современа уметност. „Тоа чувство го паметам како вчера- преголем предизвик, преголема гордост и едноставно бесценето чувство,“ се присетува Исидора.

Филозофијата на студиото е едноставна, но длабока: цветот не е траен. Тој расте, цвета, овенува. И токму затоа неговата убавина е потсетник да бидеме присутни- токму тука, токму сега.

„Цвеќарството ме научи да сум секогаш присутна,“ вели Исидора, гледајќи на секој букет како на краткотраен миг кој стои да биде забележан.

Со тек на времето, „Цветна фабрика“ прерасна во бренд со јасно препознатлив стил, не само во визуелниот идентитет на аранжманите, туку и во начинoт на кој комуницира со својата публика. Уникатноста и автентичноста се дел од секој цветен состав, а довербата на клиентите го зацврстува тоа секој ден.

Не е реткост нарачката да гласи: „Прави што ќе правиш… ја имаш нашата целосна доверба.“ Тоа, всушност, е најголемото признание, дека луѓето во нив гледаат не само изработувачи, туку создавачи на моменти и емоции.

Во „Цветна фабрика“, секое цветче е избор, секој букет е приказна, а секое предадено цвеќе- мала, внимателно спакувана емоција што го наоѓа својот пат до нечија рака и нечија насмевка.


Повеќе
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП
Хамнеи за првпат се обрати на јавноста: Храбрите воини на Иран ја спречија предноста на непријателот