| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Чеферин ја објави кандидатурата за нов мандат на чело на УЕФА
Иако претходно објави дека нема намера да се кандидира за четврти мандат, Чеферин се предомисли бидејќи сака да обезбеди стабилност во УЕФА во време кога таа решително се спротивставува на начинот на кој Џани Инфантино ја води ФИФА
Чеферин ја објави кандидатурата за нов мандат на чело на УЕФА
Изборниот конгрес на УЕФА ќе се одржи напролет следната година

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин (59), ја објави својата кандидатура за нов мандат на чело на чадор организацијата на европскиот фудбал на состанокот на програмата TEP на УЕФА во Берлин во четврток.

Чеферин ја презеде функцијата претседател на УЕФА во 2016 година, кога го замени Мишел Платини, а потоа беше реизбран двапати.

Иако претходно објави дека нема намера да се кандидира за четврти мандат, Чеферин се предомисли бидејќи сака да обезбеди стабилност во УЕФА во време кога таа решително се спротивставува на начинот на кој Џани Инфантино ја води Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).

Изборниот конгрес на УЕФА ќе се одржи напролет следната година.

Иако УЕФА силно го критикува Инфантино, досега не истакнала ниту поддржала противкандидат кој би му се спротиставил на првиот човек на Фифа на изборите за нов претседател во март 2027 година.

Сепак, поранешниот играч на Тотенхем, Рамон Вега, денеска ја објави својата кандидатура за претседател на ФИФА на изборите следната година, станувајќи првиот кандидат кој јавно потврди дека ќе го предизвика Џани Инфантино.

55-годишниот Вега е поранешен швајцарски репрезентативец кој играл и за Селтик и Вотфорд. Тој го напушти професионалниот фудбал во 2004 година за да работи во финансискиот сектор.

Повеќе
Формула 1 почна истрага за софтверската грешка која ја поремети трката во Малезија
Кениецот Дерик Чеге Нјорге победник, Дарио Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
Велешко Горно Оризари домаќин на меѓународна хард ендуро трка
Манчестер Сити ја обжали пресудата дека ги кршел финансиските прописи на Премиер лигата
Џеко против Шведска ќе го одигра последниот натпревар за БиХ утре во Зеница
Роналдо ја напушта репрезентацијата: Време е да им посакам среќа на Португалија и на соиграчите
Премиер лигата ги потврди казните за Манчестер Сити
Поранешниот светски шампион во снукер, Дот, осуден на седум години затвор за педофилија
ФИФА ја обвини УЕФА дека води кампања за дезинформации
Инфантино под нов притисок: Најсилните европски лиги бараат темелна реформа на ФИФА
Лига на нации: Чави и Клоп дебитираа на клупите на Холандија и Германија во натпревар без победник
Трките во Формула 1 ќе бидат пократки од следната сезона
Големата награда на Туркије се враќа во Формула 1 на 3 октомври 2027 година
Финалето на Лигата на шампиони по три децении се враќа на Камп Ноу
Зверев победник на Отвореното првенство на САД
„Туркиш ерлајнс“ станува главен клупски спонзор на Ливерпул
Тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал, поднесе оставка по ремито со Рома
Нов удар за Инфантино, ја изгуби поддршка и од Француската федерација
10.000 полицајци ќе го обезбедуваат отварањето на Азиските игри
Куртановиќ: Првиот златен медал во независноста ми дава големо чувство на задоволство