| Macedonian
Сингапур ќе ја основа првата национална вселенска агенција во април
Националната вселенска агенција на Сингапур ќе ги поддржува владините агенции со сателитски задачи и анализа на геопросторни податоци
Сингапур ќе ја основа првата национална вселенска агенција во април
Сингапур ќе ја основа првата национална вселенска агенција во април / Reuters
 

Сингапур ќе ја основа својата прва национална вселенска агенција во април во обид да ги изостри капацитетите на земјата во сè поконкурентната глобална вселенска економија, објавија локалните медиуми во понеделник.

Националната вселенска агенција на Сингапур (NSAS), која ќе биде формирана на 1 април, ќе има мултиагенциски оперативен центар кој ќе ги поддржува владините агенции со сателитски задачи или барање сателитски снимки од одредена локација и анализа на геопросторни податоци, изјави министерот задолжен за енергетика и наука и технологија Тан Си Ленг.

Зборувајќи на отворањето на првиот вселенски самит на земјата, Тан рече дека Сингапур, исто така, ќе разгледа понатамошен развој на својата констелација сателити за да ги задоволи националните потреби и специфичните ситуации во кои тие би можеле да се користат низ екваторијалниот регион, објави The Straits Times.

„Нашата географска локација нè позиционира да направиме повеќе во овој регион“, додаде тој.

Владата моментално е ко-сопственик на три сателити за набљудување на Земјата со одбранбената и инженерската група ST Engineering.

NSAS, исто така, ќе развива национално законодавство и регулативи за вселенскиот сектор.

Тан рече дека агенцијата има за цел да биде за иновации и за бизнис, а воедно да ги исполнува високите стандарди за вселенска безбедност и одржливост.

Од 2022 година, Сингапур издвои повеќе од 200 милиони сингапурски долари (157 милиони долари) за проекти за вселенско истражување и развој, поддржувајќи ги истражувачките институти и компаниите во развојот и тестирањето на нивните вселенски технологии.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите