За една деценија најмалку 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан
РЕГИОН
3 мин читање
За една деценија најмалку 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен БалканНајмногу се забележува заминување на високообразовани млади луѓе: ИТ-специјалисти, инженери, лекари и други стручен кадар.
За една деценија најмалку 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан / TRT Balkan
13 август 2025

За една деценија над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка. 

Евростат, пак, предупредува дека до 2050 година населението на Западниот Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто — тренд што сериозно ја загрозува долгорочната економска развојна перспектива и продуктивноста на земјите како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.

„Одливот на мозоци“ — масовното иселување на квалификувана работна сила — е еден од најсериозните демографски и економски предизвици. Најмногу се забележува заминување на високообразовани млади луѓе: ИТ-специјалисти, инженери, лекари и други стручен кадар. Според истражувања од 2021 година, повеќе од 70 отсто млади во БиХ размислуваат да заминат, додека во Србија тој процент се приближува до околу 80 отсто, покажуваат податоците на Центарот за студии на миграции, пренесе МИА.

Комбинацијата од ниски стапки на наталитет и масовна миграција доведува до забрзано стареење на населението. Како резултат, помал број лица во работоспособна возраст треба да го издржуваат растечкиот број на пензионери — веќе релевантен товар за пензискиот и здравствениот систем (просечната возраст на населението, на пример, во Србија е околу 43 години, а во Хрватска околу 45).

Според процените на Програмата за развој на ОН (UNDP), одливот на мозоци го чини регионот повеќе од четири милијарди евра годишно, што се одразува на падот на бруто-домашниот производ, слабеењето на иновациите и намалените приходи во буџетите. Инвестициите во образование и стручно оспособување, кои ги прават државите, сè почесто завршуваат како придобивка за економиите што ги привлекуваат тие кадри.

Финансискито влијание се чувствува и преку помалку даночни приходи и зголемен притисок врз социјалните и пензиските фондови, што ја намалува способноста на државите да инвестираат во инфраструктура, здравство и образование.

Но, според медиумските извештаи, има и позитивни сигнали: Министерството за човекови права и бегалци на БиХ наведува дека во последните пет години преку различни програми за поддршка, во земјата се вратиле повеќе од 15.000 лица, главно високообразовани професионалци. Иницијативи како „Дијаспора за развој“, поддржани од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, придонесуваат со вклучување на дијаспората во образование и отворање бизниси.

Решенијата, велат експертите, се јасни, но потребен е системски пристап: подобри услови за работа, конкурентни плати, инвестиции во образование и унапредување на бизнис-климатата за стартапи и малите претпријатија, како и целни мерки за врачање и интеграција на експертите што се враќаат. Со такви мерки, миграцијата може да стане и шанса — ако се управува стратегиски и долгорочно.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија