| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
„Одлуката за признавање на Палестина има за цел да испрати силен дипломатски сигнал“, изјави белгискиот шеф на дипломатија
„Со ставот на израелската влада, можноста за решение со две држави е во опасност“, рече Максим Прево
„Одлуката за признавање на Палестина има за цел да испрати силен дипломатски сигнал“, изјави белгискиот шеф на дипломатија
„Одлуката за признавање на Палестина има за цел да испрати силен дипломатски сигнал“, изјави белгискиот шеф на дипломатија / AA
3 септември 2025

Максим Прево, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Белгија, во вторникот изјави дека одлуката на неговата земја да ја признае државата Палестина има за цел „да испрати силен дипломатски сигнал“ до Генералното собрание на ОН во Њујорк, кое треба да започне подоцна овој месец.

Прево изрази задоволство од постигнатиот договор со коалициските партнери за признавање на државата Палестина.

„Задоволен сум, бидејќи мислам дека од морални причини, но и од правни, имавме обврска да склучиме договор во рамките на белгиската коалиција, а исто така и да испратиме силен сигнал до Израел, со цел да објасниме дека израелската влада апсолутно треба да го запре проширувањето на нелегалните населби и да престане да ја прекинува целата хуманитарна помош за палестинскиот народ“, рече Прево.

МНинистерот Прево рече дека сегашниот став на израелската влада, кој го загрозува решението со две држави, е двигател во нивниот процес на донесување одлуки.

„Ако сакаме решение со две држави, како што самото име кажува, ни требаат две држави. И сега, со ставот на израелската влада, можноста за решение со две држави е во опасност. Затоа решивме да ја признаеме државата Палестина за да испратиме силен дипломатски сигнал во Њујорк во наредните недели, благодарение на иницијативата на Саудиска Арабија и Франција“, рече тој.

Прево рече дека овој чекор е важен „за политички да се покаже дека одбиваме да имаме еден вид решение само со една држава“.

Сепак, тој додаде дека белгиската влада ќе го операционализира „ова признавање на административна и правна основа подоцна, кога различните заложници ќе бидат ослободени и Хамас повеќе нема да биде вклучен во управувањето со Палестина“, со цел „да се избегне давање некаков вид награда на терористичката група Хамас“.

- „Можеме да го сметаме ова за геноцид“

Иако наведе дека ова не е официјална изјава на белгиската влада и не е особено вообичаено мислење во рамките на петте различни партии и чувствителности на владејачката коалиција во земјата, Прево додаде дека, според него и повеќето дипломати од неговата земја, „ситуацијата на терен е навистина ужасна и можеме да го сметаме ова за геноцид“.

Не е на политичарите да одлучат дали моменталната ситуација во Газа претставува геноцид или не, туку е одговорност на судските власти, главно на Меѓународниот суд на правдата, рече тој.

- Потреба од консензус во ЕУ Шефот на белгиската дипломатија призна дека е „кристално јасно“ дека има проблеми во рамките на ЕУ во изнаоѓање и постигнување заеднички одлуки поврзани со санкциите кон Израел, со „неколку земји кои претпочитаат да не се воведуваат санкции од различни причини“.

„Мислам дека треба да ги мобилизираме сите земји на ЕУ за да го зголемиме нивото на реакција, бидејќи е кристално јасно дека без силни изјави и силни одлуки, кредибилитетот на надворешната политика на ЕУ се урива. Апсолутно ни треба способност сите заедно како ЕУ да испраќаме јасни пораки“, рече тој.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир