| Macedonian
Прв пат во историјата: ВИ хакирала владина институција на суверена држава
Премиерот на Австралија изјави дека агентот на ОпенАИ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на Медикер, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци
Прв пат во историјата: ВИ хакирала владина институција на суверена држава
Нема пошироко загрозување на мрежата, сепак, оваа ситуација е неприфатлива, рече Албанезе

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на ОпенАИ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИ.

Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на ОпенАИ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на Медикер, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.

„Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот уште на самиот почеток.

Тој исто така предупреди дека активноста на агентот на ОпенАИ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството, но не потврди дека тоа навистина се случило.

ОпенАИ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

„Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од ОпенАИ.

Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инц

Повеќе
Почна кампањата за претседателските избори во Бугарија
Двајца израелски војници загинале во експлозија на дрон во Газа
Трамп ги повика земјите да го напуштат МКС, за Кошта неприфатливи нападите кон судот
Бројот на загинати во инцидентот за време на воена вежба во Каспиското Море се искачи на 14
Туркије остро ги критикува неоснованите обвинувања на Нетанјаху против Ердоган
Ирскиот премиер: Меѓународната заедница ги изневери Палестинците
Австралискиот премиер повикува на посилна меѓународна акција во врска со Палестина и Иран во ОН
Пашинјан: Мирот со Азербејџан отвори нови перспективи за Јужен Кавказ
Иранскиот претседател порача дека не бараат војна со САД
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Членките на пактот од Мека дискутираа за итна поддршка за Саудиска Арабија
Бројни делегации ја напуштија салата во ОН додека се обраќаше Нетанјаху
Ердоган: Структурата на ОН не може да го исполни ветувањето кон човештвото, да се укине ветото
Абас го повика Трамп да ги исполни ветувањата за спречување на раселувањето на Палестинците
Си Џинпинг во Вашингтон повика на доверба, континуиран дијалог и здрава конкуренција