Мотиватори: Донирај компјутер
РЕГИОН
3 мин читање
Мотиватори: Донирај компјутерПеттата епизода од серијалот „Мотиватори“ се фокусира на иницијативата која тивко, но моќно го менува секојдневието на многу деца и семејства низ земјата- „Донирај компјутер“
Мотиватори: Донирај компјутер / TRT Balkan MK
13 декември 2025

Во време кога дигиталната еднаквост е предуслов за образование, работа и нормално функционирање, пристапот до компјутер не е привилегија, туку потреба. Токму затоа, петтата епизода од серијалот „Мотиватори“ се фокусира на иницијативата која тивко, но моќно го менува секојдневието на многу деца и семејства низ земјата- „Донирај компјутер“. Во оваа епизода ја отвораме приказната за тоа како од една случајна средба може да се роди општествена промена што трае веќе девет години.

Во разговор со ТРТ Балкан, основачот на иницијативата, Борче Стаменов, ни објасни како од едно спонтано дело на добрина произлегла идеја што ќе стане негов животен ангажман. 

„Сè започна кога една самохрана мајка со три деца побара компјутер од нас,“ раскажува тој. „Го подготвив, го однесов дома, и кога ги видов тие три малечки како се радуваат… ми ‘кликна’ дека ова мора да продолжи.“ Така, во 2016 година, со една донација и многу добра волја, се раѓа „Донирај компјутер“.

Стаменов ја почнува иницијативата сам, а по шест месеци му се приклучува првиот волонтер. Вистинскиот подем доаѓа за време на Ковид-пандемијата, кога одлучуваат и успеваат, за само три месеци да подготват и донираат 600 компјутери до Нова година. Но зад бројките стојат многу повеќе од успешни акции: стојат судбини што се менуваат.

Во работилницата на „Донирај компјутер“ своето прво искуство го стекнуваат десетици млади практиканти. Тие учат како се поправaт компјутери, но истовремено се среќаваат и со нешто многу поважно- хуманоста. 

„За првпат гледаат што значи филантропија,“ ни објаснува Борче. „Некои остануваат со мене и по четири-пет години, иако одамна им завршила праксата.“

Меѓу највпечатливите приказни што ги сподели е случајот на една самохрана мајка, жртва на семејно насилство. Таа побарала компјутер со специфични карактеристики за да може да следи професионален курс. 

„Го најдовме, го средивме и го испративме. По неколку месеци прочитав дека го завршила курсот и сега работи во истата компанија што го организирала.“ Тоа, вели Стаменов, е потсетник дека понекогаш доволно е да му дадеш на некого една алатка и тој самиот ќе си го отвори патот.

Иницијативата учествува и во пошироки проекти, меѓу кои и помошта за организацијата „Млади за семејна разновидност“, каде што од нивната цел за финансирање 100 студентски семестри, „Донирај компјутер“ покриле десетина.

На крајот, Стаменов упатува силна порака до младите: „Ако имате можност да промените нечиј живот- вклучете се. Ако имате своја идеја- туркајте ја. Секој почеток е тежок, мојот исто таков беше, но со труд се успева.“

Петтата епизода на „Мотиватори“ носи токму такви приказни- за упорност, за визија и за силата на една мала идеја да создаде големи промени.


Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство