| Macedonian
Британска истрага против ТикТок за употреба на податоци од малолетници
„Ја поздравуваме технологијата и иновациите што компаниите како социјалните медиуми ги носат во ОК и сакаме тие да напредуваат во нашата економија, но тоа не може да биде на сметка на приватноста на децата“, рече комесарот Едвардс
Британска истрага против ТикТок за употреба на податоци од малолетници
Британска истрага против ТикТок за употреба на податоци од малолетници / MAXAR TECHNOLOGIES VIA GOOGLE/ Handout via Reuters
 

Организацијата за заштита на лични податоци на Обединетото Кралство објави дека започнала истрага против ТикТок поради начинот на употреба на податоци од малолетни корисници.

Канцеларијата на Комесарот за информации (ИКО) соопшти дека ќе испита како популарната платформа за споделување видеа ги користи личните информации на децата на возраст од 13-17 години во ОК за да им предлага содржини на нивните профили.

„Ова е во правец на растечката загриженост за социјалните медиуми и платформите за споделување видеа кои користат податоци генерирани од онлајн активноста на децата во нивните системи за препораки, што може да доведе до тоа на младите да им се сервира несоодветна или штетна содржина“, се вели во соопштението на ИКО.

Организацијата исто така истражува како Редит, онлајн форумот и сајтот за споделување фотографии Имгур ги користат личните информации на децата и техниките за проверка на нивната возраст.

„Ја поздравуваме технологијата и иновациите што компаниите како социјалните медиуми ги носат во ОК и сакаме тие да напредуваат во нашата економија, но тоа не може да биде на сметка на приватноста на децата“, рече комесарот за информации на ОК, Џон Едвардс.

„Мојата порака е едноставна: ако социјалните медиуми и платформите за споделување видеа сакаат да имаат корист од работењето во ОК, тие мора да се усогласат со законот за заштита на податоците“, додаде тој.

Во 2023 година, ИКО го казни ТикТок со 12,7 милиони фунти за лошо постапување со детските податоци и дозволување на 1,4 милиони деца во Обединетото Кралство помлади од 13 години да ја користат платформата во 2020 година.

Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев