| Macedonian
ЕУ му нареди на Гугл да ги отвори ВИ функциите на Aндроид и да споделува податоци од пребарувањата
Гугл мора да почне со споделување на податоци за пребарување со подобни даватели на услуги од јануари 2027 година, а се очекува мерките за интероперабилност на Андроид да станат достапни за корисниците од јули 2027 година
ЕУ му нареди на Гугл да ги отвори ВИ функциите на Aндроид и да споделува податоци од пребарувањата
Според ЕК, мерките ќе обезбедат пофер конкуренција давајќи им на конкурентските ВИ услуги пристап до клучните функционалности на Aндроид
 

Европската комисија во четврток усвои две правно обврзувачки одлуки со кои се бара од Гугл да ја прошири интероперабилноста за конкурентските асистенти за вештачка интелигенција (ВИ) на Андроид уредите и да ги споделува податоците од Гугл Срч со подобни даватели на услуги за пребарување од трети страни според Законот за дигитални пазари.

Европската комисија соопшти дека мерките имаат за цел да обезбедат пофер конкуренција со тоа што ќе им дадат на конкурентските ВИ услуги пристап до клучните функционалности на Aндроид што моментално се достапни на сопствениот асистент за ВИ на Гугл, Џемини, а воедно ќе го подобрат пристапот до податоците за пребарување за алтернативни пребарувачи и услуги за пребарување со ВИ.

Според првата одлука, Гугл мора да им овозможи на асистентите за ВИ од трети страни да пристапат до функциите на системот Андроид што им овозможуваат на корисниците да ги активираат преку гласовни команди и да извршуваат задачи низ апликациите, слично на Џемини.

Комисијата изјави дека корисниците ќе можат да избираат алтернативни асистенти за ВИ за да извршуваат дејства како што се резервација на такси, генерирање предложени одговори во апликациите за пораки или одговарање на прашања врз основа на неодамна посетени локации.

Втората одлука ги утврдува правилата што ја регулираат обврската на Гугл да споделува анонимизирани податоци од Гугл пребарувачот со подобни даватели на услуги за пребарување од трети страни, вклучувајќи ги и чет-ботовите за ВИ што нудат функционалност за пребарување.

Според ЕК, пристапот до податоците за пребарување е од суштинско значење за конкурентите да ги развијат и подобрат услугите за пребарување и да ја намалат конкурентската предност на Гугл на пазарот, каде што има акумулирано податоци од голем обем во текот на многу години.

Комисијата, исто така, воспостави методологија за одредување цени за пристап до споделените податоци и транспарентен процес за компаниите што ги исполнуваат условите за да ги добијат.

Гугл ќе ја задржи можноста да процени дали споделувањето податоци со одредени приматели претставуваат значителни ризици за сајбер безбедноста или заштитата на податоците пред да обезбеди пристап.

Комисијата соопшти дека Гугл мора да започне со споделување на податоци за пребарување со подобни даватели на услуги од јануари 2027 година, додека се очекува мерките за интероперабилност на Андроид да станат достапни за корисниците од јули 2027 година.

Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев