Турска традиционална кујна: Здрава исхрана и еколошка одржливост
КУЛТУРА
3 мин читање
Турска традиционална кујна: Здрава исхрана и еколошка одржливост„Турската кујна во својство на скапоценото богатство на древната турска култура денес нѐ собра по овој повод во срцето на Балканот, регионот кој низ целата историја беше домаќин на уникатни културни богатства“, истакна амбасадорот Улусој.
Турска традиционална кујна: Здрава исхрана и еколошка одржливост / TRT Balkan
22 мај 2025

Во рамките на Неделата на турската кујна, во организација на Турската амбасада во Скопје, се одржа пригоден настан на кој беше претставена турската традицонална кујна и нејзините убавини и карактеристики.

Сарма, говедско месо со зеленчук, салати со зеленчук, маслинки, маслиново масло и разни деликатеси, пити, грав, ориз, но и разни десерти, беа дел од традиционалната турска кујна претствена пред медиумите.

Настанот се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Република Туркије во Скопје, каде со храна од традиционалната турска кујна беа послужени медиумските претставници во земјава.

Амбасадорот Улусој: Турската кујна содржи траги од вековната меѓукултурна интеракција

Присутните гости во своето поздравно обраќање ги поздрави турскиот амбасадор Фатих Улусој кој го искажа своето задоволство што ја има можноста да ги угости медиумските претставници пред кои ќе биде послужена храна од традиционалната турска кујна, додавајќи дека овој настан се одржува веќе четврта година по ред.

„Турската кујна во својство на скапоценото богатство на древната турска култура денес нѐ собра по овој повод во срцето на Балканот, регионот кој низ целата историја беше домаќин на уникатни културни богатства“, рече амбасадорот Улусој, кој потоа накратко ги резимираше односите помеѓу Република Туркије и Република Северна Македонја. Притоа, тој нагласи дека односите на Туркије и Северна Македонија секој ден се развираат во сите области и додаде дека двете земји имаат длабоко вкоренети историски и културни врски како и односи на највисоко ниво.

„Во рамки на неделата на турската кујна која се одбележува од 2022 година, годинава ќе ги вкусиме традиционалните вкусеви на турското кулинарство, односно, класичните рецепти на турската кујна. Денес со задоволство ви ги преставувам вкусните јадења кои Турците редовно ги консумираат во нивните домови или ресторани. Всушност, мислам дека повеќето од Вас се запознаени со овие вкусеви бидејќи како што сите знаеме турската кујна во себе содржи траги од вековната меѓукултурна интеракција во Анадолија и поширокиот регион кој ја опкружува Туркије, а како резултат на долгогодишното заедничко живеење, турската и македонската кујна имаат многу заеднички точки“, рече Улусој.

Турската кујна е скапоцено богатство кое треба да се пренесува на идните генерации

Исто така, тој појасни дека во текот на настанот присутните ќе имаат можност да ја разгледаат книгата насловена „Вековните рецепти на турската кујна“, дело креирано под водство на првата дама на Туркије, Емине Ердоган и познати научници и готвачи.

Меѓу другото, мабсадорот Улусој потенцираше дека најистакнатите карактеристики на турската традиционална кујна се тоа што е „таа е здрава и без отпад“, додавајќи дека „ова скапоцено богатство треба да биде пренесено и на идните генерации.“

Турскиот амбасадор Улусој упати благодарност до Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје, кој ја промовира турската култура и турскиот јазик, како и до турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, со чија поддршка денес, токму амбасадорот Улусој додели повратен авионски билет на релација Скопје-Истанбул на четири медиумски претставници, добитници извлечени преку жрепка.

Традиционална турска кујна

Турската традионална кујна има поголемо и пошироко значење од задоволувањето на основните нутритивни потреби за опстанок. Таа е меѓу важните елементи на интеракцијата помеѓу различни поединци и култури. Турската кујна има интеракција со кујните од Блискиот Исток, Балканот, Медитеранот и Егејот, Кавказот и Централна Азија, поради историските и традиционалните врски на широките географски области.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина