Како филмот „Прашина“ го направи познато мариовското село Зовиќ
РЕГИОН
3 мин читање
Како филмот „Прашина“ го направи познато мариовското село ЗовиќПриказната за Мариово денес не е само за зачувување на место – туку за негување чувство на убавина и враќање кон поедноставниот живот
Како филмот „Прашина“ го направи познато мариовското село Зовиќ / TRT Balkan MK
16 јуни 2025

Мариово – некогаш живописниот регион со плодна земја, стратешка раскрсница и силна заедница од занаетчии и земјоделци бил поим за македонскиот рурален живот. Но, времињата се менувале – повикот на градот се покажал посилен, а селата останале празни, додека традициите полека избледувале. Денес, овие краишта полека заживуваат. 

Со екипата на ТРТ Балкан, разговаравме со Митко Крстевски, сопственик на етно комплекс во село Зовиќ, и неговиот чичко Најдо Крстевски, кој го памети Мариово во неговите најживописни денови. Митко ја раскажа приказната за руралното оживување во овој регион. 

„Почнав да организирам џип тури во Мариово, и во прилепско и битолско Мариово. Пет години ги водев тие тури, но кога прекинав, решив да отвориме нешто кое ќе ја чувa автентичноста на животот на нашите предци. Подготвуваме храна од овој крај – леб, месени работи, сирење, сѐ она што се јадело порано,“ вели Митко. Отворањето на етно комплексот во 2015 било вистински предизвик, особено бидејќи асфалтиран пат до Зовиќ имал само до соседното село Рапеш.

Тој нагласува дека Зовиќ сега полека се буди. „Во селото веќе 90% од куќите се реновирани, и иако има околу 8-10 жители, сите се посветени на сточарство. Со нив соработувам – земам млеко, правам сирење и го служам во комплексот.“

Митко раскажа и за туристите кои доаѓаат од Европа, Америка и Австралија, заинтересирани за кањонинг по реката, како и за филмовите што го направиле Зовиќ попознат, особено „Прашина“ и останатите филмови на Милчо Манчевски.

Тој истакнува дека Мариово е простор со огромна историска и природна вредност, чист и неоштетен од индустриска активност, со реки што сѐ уште ја чуваат својата природна убавина. „Тоа е терен што може да стане вистинска рурална атракција, каде што посетителите ќе го почувствуваат шармот и автентичноста на овој крај.“

Од друга страна, Најдо Крстевски, кој го памети Мариово од неговите најживи денови, се сеќава на селото кое во 1955 година имало околу 360 жители, живеејќи исклучиво од земјоделие и сточарство. „Садевме сѐ – од афјон и сончоглед, до пченица, леќа и јачмен. Немаше купување брашно, туку мелевме на воденица покрај реката,“ раскажува тој.

Но, во 70-тите години се случила масовна миграција од селото. „Околу 1972-’74 година започна големо иселување. Селата останаа речиси празни, како да биле запалени и од оган изгорени,“ потсетува Најдо.

На крајот, кога го прашавме дали му фали животот на село, одговори со едноставни, но силни зборови: „Мене ми е монотоно во Битола, овде ми е поубаво, иако сме само неколкумина. Ми недостига слободата што ја имав овде, таа врска со земјата и природата.“

Приказната за Мариово денес не е само за зачувување на место – туку за негување чувство на убавина и враќање кон поедноставниот живот. Во време кога светот брза, овој крај нуди повик за враќање кон ритамот на природата, кон приказните што ги носат реките и ридовите на Мариово.

Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија