| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Италија ја воведе забраната за носење на никаб во училиштата
Од учебната 2027/2028 година ќе се применува и ограничување од 30 проценти на процентот на деца од странско потекло кои немаат доволно познавање на италијанскиот јазик во првите одделенија од сите нивоа на образование
Италија ја воведе забраната за носење на никаб во училиштата
Десничарската влада на Мелони е на власт од 2022 година кога водеше изборна кампања со ветување дека ќе заземе цврст став кон мигрантите

Забраната за покривање на лице стапи на сила во сите италијански училишта откако претседателот Серџо Матарела потпиша декрет донесен од десничарската влада на премиерката Џорџија Мелони, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател.

Од учебната 2027/2028 година ќе се применува и ограничување од 30 проценти на процентот на деца од странско потекло кои немаат доволно познавање на италијанскиот јазик во првите одделенија од сите нивоа на образование.

Квотата се однесува на деца кои немаат италијанско државјанство, не се родени во Италија и не посетувале италијанска градинка најмалку две години.

Во средните училишта, учениците мора да имаат најмалку три години искуство во италијанските училишта за да бидат ослободени од квотата.

Според декретот, лицата на учениците мора да останат препознатливи, со што ефикасно се забрануваат исламските превези што целосно го покриваат лицето, како што се никаб и бурката.

Мерките беа воведени со итен декрет и сега мора да бидат одобрени од парламентот во рок од 60 дена.

Родителите со значителни јазични тешкотии би можеле да бидат обврзани да посетуваат курсеви по италијански јазик доколку комуникацијата со училиштето на нивното дете е тешка.

Мелони ги објави мерките на почетокот на септември, а владата го одобри соодветниот декрет кратко потоа.

Мелони ја предводи трипартитната коалиција на крајнодесничарските и конзервативните сили во Италија од 2022 година.

Во тој период, таа водеше успешна изборна кампања врз основа на ветувањето дека ќе заземе цврст став кон мигрантите.

Нејзината партија Браќа на Италија (Fratelli d'Italia) останува во водство на анкетите пред изборите што треба да се одржат следната година, но коалицијата неодамна се најде под притисок од новоформираната партија Национална иднина (Futuro Nazionale) на поранешниот генерал Роберто Ваначини, која се залага за уште построг пристап кон миграцијата.

Повеќе
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ