Американски суд: Гугл не мора да го продава Хром, но мора да споделува податоци со конкурентите
Министерството за правда на САД побара Гугл да го продаде Хром, па пресудата од вторник значи дека технолошкиот гигант може да го задржи, но ќе му биде забрането да има ексклузивни права
Американски суд: Гугл не мора да го продава Хром, но мора да споделува податоци со конкурентите
Гугл, исто така нема да мора да го продава својот оперативен систем Aндроид, кој ги користи повеќето паметни телефони во светот / Reuters
3 септември 2025

Американската корпорација Гугл нема да мора да го продава својот веб-прелистувач Хром, но мора да споделува информации со конкурентите, нареди американски федерален судија.

Одлуката, донесена од судијата Амит Мехта, дојде по долгогодишна судска битка околу доминацијата на Гугл во онлајн пребарувањето, објави Би-Би-Си.

Случајот се фокусираше на позицијата на Гугл како стандарден пребарувач на голем број свои производи како што се Андроид и Хром, како и на други производи, како што е Епл.

Министерството за правда на САД побара Гугл да го продаде Хром, па пресудата од вторник значи дека технолошкиот гигант може да го задржи, но ќе му биде забрането да има ексклузивни права и ќе мора да споделува податоци за пребарување со конкурентите.

Гугл предложи помалку драстични решенија, како што е ограничување на договорите за поделба на приходите со компании како Епл за да го направи својот пребарувач стандарден на нивните уреди и прелистувачи.

Компанијата во вторник сигнализираше дека ја смета пресудата за победа и рече дека подемот на вештачката интелигенција (ВИ) веројатно придонел за исходот.

„Денешната одлука признава колку индустријата се променила со појавата на вештачката интелигенција, која им дава на луѓето многу повеќе начини да пронајдат информации“, се вели во соопштението на Гугл по пресудата.

Компанијата нагласи дека од поднесувањето на случајот во 2020 година, конкуренцијата станала поинтензивна и дека „луѓето лесно можат да ги изберат услугите што ги сакаат“.

Технолошкиот гигант негираше какво било незаконско дело откако првично беа поднесени обвиненија против него во 2020 година, велејќи дека нејзината доминација на пазарот е воспоставена затоа што неговиот „пребарувач е супериорен во однос на другите и потрошувачите едноставно го претпочитаат“.

Минатата година, судијата Мехта пресуди дека Гугл користел нефер методи за да воспостави монопол над пазарот за онлајн пребарување, активно работејќи на одржување на ниво на доминација што го крши американскиот закон.

Сепак, во својата одлука вчера, судијата утврди дека целосна продажба на Хром не е неопходна во овој случај.

Гугл, исто така, нема да мора да го продава својот оперативен систем Aндорид, кој ги напојува повеќето паметни телефони во светот.

Повеќе
Синдикат: Речиси сите германски пилоти признаваат дека дремат за време на летовите
Воспалението може да предизвика сериозни срцеви проблеми кај жени без други фактори на ризик
САД започнаа истрага за чет-ботовите со ВИ за потенцијално негативните ефекти врз децата
„Türkiye Innovation Week 2025“ фокусиран на трансформацијата на вештачката интелигенција
Турксел меѓу најдобрите компании во светот на листата TIME 2025
Мерц: Германија мора да ја предводи електрификацијата на автомобилската индустрија
Дигиталната зелена трансформација ја зголемува ефикасноста, но може да воведе нови ранливости
Кси, Путин и 150-годишниот животен век: Дали науката веќе стигна дотаму?
Стетоскопите со ВИ можат да детектираат 3 вида срцеви заболувања за неколку секунди
Напорот на НАСА за лунарен реактор: Наука, безбедност и вселенска трка
Четиригодишно дете од Илиноис примено во Менса
Европа го претстави суперкомпјутерот Јупитер
Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони во САД
Телескопот Џејмс Веб откри црна дупка, веројатно создадена во првата секунда од Големата експлозија
Границите на глобалната контрола на вештачката интелигенција и што таа значи за светскиот поредок
Од доминација до зависност: Како трката во ВИ меѓу САД и Кина ја обликува иднината