| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Арда Ѓулер го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2032 година
Мојот сон е да го носам овој дрес уште многу години, заедно да освојуваме нови титули и еден ден да оставам свој белег во оваа уникатна историја, изјави турскиот репрезентативец по потпишувањето на договорот
Арда Ѓулер го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2032 година
Оваа сезона, турскиот играч за врска има постигнато четири гола и запишано шест асистенции на 14 натпревари / AP (Wire)
 

Реал Мадрид објави дека турскиот репрезентативец Арда Ѓулер потпишал продолжување на договорот, со што ќе остане во шпанскиот клуб до 30 јуни 2032 година.

„Реал Мадрид и Арда Ѓулер се договорија за продолжување на договорот на нашиот играч, со што тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2032 година“, се вели во соопштението на клубот објавено во средата.

Овој 21-годишен офанзивен играч за врска му се приклучи на Реал Мадрид од Фенербахче во јули 2023 година, на 18-годишна возраст.

Од своето доаѓање, Ѓулер има одиграно 126 натпревари, при што постигнал 22 гола и забележал 32 асистенции во сите натпреварувања.

Оваа сезона, турскиот играч за врска има постигнато четири гола и запишано шест асистенции на 14 натпревари, вклучувајќи три гола и четири асистенции на 12 натпревари во Ла Лига.

Ѓулер се стреми кон трајно наследство во Реал Мадрид

По објавувањето на веста, Ѓулер изрази гордост што ќе ја продолжи кариерата кај шпанските великани и ја истакна својата амбиција за постигнување дополнителни успеси.

„Мојот сон е да го носам овој дрес уште многу години, заедно да освојуваме нови титули и еден ден да оставам свој белег во оваа уникатна историја. Кога првпат го облеков дресот на Реал Мадрид, знаев дека станувам дел од една огромна историја. Денес чувствувам иста гордост и среќа, но со уште поголема одговорност“, рече тој.

Ѓулер исто така им се заблагодари на претседателот на клубот Флорентино Перез, на своето семејство, соиграчите, тренерите и стручниот штаб, како и на навивачите на Реал Мадрид ширум светот.

„Многу сум среќен што сè уште сум дел од овој клуб“, изјави тој.

Ѓулер има освоено пет трофеи со шпанските великани, вклучувајќи ги Лигата на шампионите на УЕФА, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.

Тој, исто така, има одиграно 38 натпревари за репрезентацијата на Туркије.

Во септември, Ѓулер ја доби наградата за играч кој направил голем пробив, за своите настапи во сезоната 2025-26 во Лигата на шампионите на УЕФА.

Повеќе
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО