Како се одржува во живот Дојранското езеро?
РЕГИОН
3 мин читање
Како се одржува во живот Дојранското езеро?Хидросистемот Ѓавато преку две пумпи во пумпната станица во Богданци го снабдува Дојранското езеро со по 200 литри вода во секунда од две пумпи. Полно езеро значи и богат рибен фонд и планктони. Дојран станува се поатрактивна туристичка дестинација
Дојранско езеро / TRT Balkan MK
13 јули 2025

Водата со која се одржува нивото на Дојранското езеро минува преку 20 километри пред да стигне до целта. Патот на водата е поделен во три фази. Првата се потопните пумпи во Ѓавато со капацитет од 100 литри во секунда кои ја ставаат водата во цевковод и потоа таа минува два километри до препумпната станица во Богданци.

Во препумпната станица во Богданци постојат шест таканаречени суви пумпи. Во моментов функционираат две. Од нив секоја го снабдува Дојранското езеро со 200 литри вода во секунда.

Потоа следува третата фаза, односно патот на водата од Богданци до езерото.

 Од тој собирен базен пумпите со 200 литри во секунда ја препумпуваат водата и ја носат од овде до највисоката точка на системот којашто се наоѓа исто од овде на 2 километри каде што водата влегува во преливен базен со каскади каде што водата се смирува и потоа од преливниот базен оди 18 километри по слободен пат до Дојранското езеро”, вели Јован Попов кој е дел од хидросистемот Ѓавато 23 години, а сега раководи и ја координира работата.

Попов објаснува дека за 5-6 години нивото на езерото било подигнато за еден и пол метар кога било на раб на еколошка катастрофа. Во моментов неопходно e обновување на електромоторите, вентилите и пумпите. 

 Повозрасните Дојранчани кои сега се дел од општинската администрација паметат денови кога нивото на езерото било закана и за куќите најблиску до брегот, но и кога се навестувала катастрофа.

“Со испуштањето на водата од страна на соседите во 1988 година се случи едно изумирање на езерото, односно се случија многу биолошки промени. Се сеќавам во Нов Дојран имаше акционерско друштво „Дојранско езеро“ коешто нашите предци кажуваат водата стигнала до куќите каде била сместена администрацијата”, вели Дарко Качаков од Општина Дојран.

На десетина километри е местото Дојрани на грчка територија. Од вкупно 43 километри површина на Дојранското езеро, околу 27 се наоѓаат на македонска, а речиси 16 на грчка територија. И двете држави се одговорни за одржување во живот на Дојранското езеро.

Полно Дојранско езеро значи и богат фонд на риби и планктон и домашни и странски туристи. Формирано е ново јавно претпријатие задолжено за организирање туристички тури 12 месеци, а не само во летниот период.

Она што можат да го видат туристите претежно странските туристи организирано со водичи коишто ги покажуваат најважните знаменитости како што се Саат кулата, турската бања, црквата Свети Илија. Она што мислам дека е најголем потенцијал за туристите коишто ќе доаѓаат надвор од летната сезона е секако развојот на фронтовата линија. Имаме огромен поитенцијал и огромна заинтересираност од страна на англиските и на бугарските туристи за оваа фронтова линија бидејќи војските на овие две држави биле токму на оваа фронтова линија”, вели Анго Ангов градоначалник на Дојран.

 Овој град го карактеризираат суви и топли лета и благи и влажни зими. Овдека може да почувствувате вистинска медитеранска клима и да се изнадишете јод. Особено покрај Дојранското езеро чија температура во летните денови може да достигне и од 25 до 27 степени, а просечната температура во текот на годината е од 15 до 18 степени. 

 

Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија