| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје-Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште- покрај пристаништето Солун, кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, рече вицепремиерот
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ,

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Подгорица, главниот град на Црна Гора, на средби со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ, разговарал за почнување редовни летови помеѓу Скопје и Подгорица, како и за поврзување на Македонија со црногорското пристаниште Бар.

„Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје-Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште- тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун, кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар“, објасни Николоски во обраќањето до јавноста.

Тој појаснува и дека се зборувало за авионско поврзување на двата главни града.

„Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми“, вели македонскиот вицепремиер и министер за транспорт.

Николоски разговарал и за соработка на економски план.

„Зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата“, вели вицепремиерот и министер за транспорт.

Повеќе
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед
Трамп: САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори
Туркије и Франција потпишаа патоказ за продлабочување на врските во одбраната и безбедноста
Иран го разгледува одговорот на САД на седумдневниот план за повторно отворање на Ормуз
Туркије и Кина потпишаа договор за сателитски технологии на астронаутичкиот конгрес во Анталија
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Фидан: Туркије ги завршува подготовките за поднесување на Одбранбениот пакт од Мека до Парламентот