Што значи за инвеститорите во ВИ дебито на Антропик на берзата и дали ќе ја намали неизвесноста
Што значи за инвеститорите во ВИ дебито на Антропик на берзата и дали ќе ја намали неизвесностаБумот на вештачката интелигенција веќе создаде финансиски меур кој веројатно ќе пукне и ќе предизвика рецесија пред претседателските избори во САД во ноември 2028 година, изјави поранешниот претседател на Комисијата за хартии од вредност на САД
Според податоците објавени на берзата, Антропик продал 980 милиони акции по цена од 83 долари во главната понуда / Reuters (Wire)
 

Стравувањата дека меурот на вештачката интелигенција набргу ќе пукне не се стивнаа ниту по рекордното деби на компанијата за развој на ВИ, Антропик, која во четвртокот излезе на берзата и нејзината пазарната вредност достигна 1,7 милијарди долари, а за време на тргувањето, нејзината цена надмина 2 милијарди долари.

Отрезнувањето стигна наредниот ден со глобален пад на берзите поради растечката загриженост дека цените на технолошките акции, поттикнати од оптимизмот за вештачката интелигенција, се искачија далеку над нивоата оправдани со реалните деловни резултати на компаниите.

Според податоците објавени на берзата, Антропик продал 980 милиони акции по цена од 83 долари во главната понуда, иако првично планирал да понуди 825 милиони. За време на тргувањето цената на акциите во еден момент достигна 111,5 долари.

Историската првична јавна понуда

Иницијалната јавна понуда ја издигна Антропик и им донесе милијарди долари принос на нејзините инвеститори, а рекордното прибирање капитал го надмина претходниот рекорд од 75 милијарди долари, поставен во јуни од страна на Спејс X, чија иницијална јавна понуда на крајот достигна вкупно 86,25 милијарди долари вклучувајќи ги и таканаречените дополнителни акции продадени од страна на банките што ја презедоа обврската за пласирање на понудата.

Aмазон и Гугл се меѓу најголемите инвеститори во Антропик; нивните поединечни удели, врз основа на цената од јавната понуда, вредат повеќе од 100 милијарди долари.

Гугл, Mајкрософт, Нвидиа и AMД се исто така меѓу технолошките компании кои се согласија да инвестираат во Aнтропик по цената утврдена за јавната понуда.

Вкупната вредност на овие договорени инвестиции изнесува 26 милијарди долари.

ПоврзаниTRT Balkan - САД и 9 партнери потпишаа договор за обезбедување на синџирите на снабдување со ВИ

И други компании и фондови заработија првиот ден од излегувањето на Антропок на берзата.

Познавачите велат дека првиот ден на тргување на акциите на компанијата не значи и дека тој ентузијазам ќе остане и натаму.

„Понудата на Антропик привлекува големо внимание. Тие пари мора да дојдат од некаде; инвеститорите ги префрлаат своите портфолија за да го вклучат Антропик, па затоа не би ставил премногу тежина на денешната ценовна акција, без разлика дали е нагоре или надолу“, рече Џед Елерброк, менаџер за портфолио во Аргент Капитал.

Очекувањата на Елерброк за инвестирање во вештачка интелигенција малку се намалиле во изминативе месеци.

„Моите очекувања за раст на капиталните инвестиции во центрите за податоци малку се намалија во последните еден или два месеци. Кризната ситуација во Нвидија е значаен фактор. Среднорочните избори, исто така, имаа влијание. Изградбата на центри за податоци ќе стане поскапа и ќе се одвива со побавно темпо“, вели Елерброк.

Неизвесност предизвикана од скандалот со Нвидиа

Дебито на Антропик на Насдак следуваше по неколку недели нестабилно тргување со американските акции и загрижени инвеститори околу улогата на Нвидиа како главен потпорен столб на екосистемот на ВИ, по отстранувањето на нејзиниот основач и извршен директор Јенсен Хоуг по шпионско-прељубничка афера.

На почетокот на октомври, втората најголема компанија во светот според пазарна капитализација вредеше околу 5,8 билиони долари, а по скандалот нејзината вредност падна на 3,9 билиони долари.

Грижите дополнително се зголемија по победата на демократите на средномандатните избори, кои навестија промени во регулаторниот пејзаж на индустријата за сметка на инвеститорите и компаниите.

Бумот на вештачката интелигенција веќе создаде финансиски меур кој веројатно ќе пукне и ќе предизвика рецесија пред претседателските избори во САД во ноември 2028 година, изјави за Си-Ен-Ен поранешниот претседател на Комисијата за хартии од вредност (СEЦ), Гари Генслер.

ПоврзаниTRT Balkan - Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ

Генслер, најистакнатиот поранешен федерален регулатор кој јавно предупреди за рецесија предизвикана од вештачката интелигенција, ја водеше Комисијата за хартии од вредност за време на администрацијата на Бајден од 2021 до 2025 година и ја водеше Комисијата за тргување со фјучерси на стоки под администрацијата на Обама.

Тој сега предава на МИТ и вели дека околу 800 милијарди долари се влеваат годишно во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција.

Во 2026 година, вели тој, големите технолошки компании ќе трошат пет пати повеќе отколку што трошеа пред само три години, влевајќи пари во трката за најдобри чипови, дизајни и технолошка супериорност над Кина побрзо отколку што можат да генерираат профит.

Прекумерни инвестиции и задолжувања

Сето ова го зголемува спектарот на компании кои прекумерно инвестираат и натрупуваат премногу долгови.

„Историјата покажува дека огромните инвестиции во нова технологија во очекување на приходи неизбежно водат до заситеност и остар пад“, објаснува Генслер, повлекувајќи паралели со железничкиот бум од 19 век, електрификацијата од 1920. и дот-ком меурот од 1990-ите.

Покрај износот на инвестициите, тој е загрижен и за методот на финансирање, особено циркуларното финансирање во екосистемот во кој Нвидиа се нарекува централна банка на вештачка интелигенција, и сложените вонбилансни аранжмани што го кријат вистинскиот ризик, додека доверителите позајмиле премногу пари за прекратко време.

ПоврзаниTRT Balkan - Илон Маск со уште 165.000 потписници на петиција бара враќање на Хуанг на чело на Нвидиа

„Ако дојде до пад, големите технолошки компании ќе преживеат, но први што ќе бидат погодени ќе бидат таканаречените неооблаци - специјализирани платформи за пресметување во облак (cloud computing) кои им изнајмуваат моќни суперкомпјутери на развивачите на вештачката интелигенција и кои ги изградиле своите бизниси врз огромни долгови“, вели Генслер.

Тој очекува банкроти таму, што се совпаѓа со проценката на милијардерот и сопственик на Спејс Х, Елон Маск, кој минатиот месец напиша на X дека повеќе од 200 такви компании ќе доживеат масовни падови и консолидации, и дека само неколку ќе преживеат.

Поранешниот регулатор проценува дека претстојниот пад би можел да биде исто толку сериозен како пукањето на интернет (дот-ком) балонот на почетокот на 2000., но поблаг од падот на хипотекарниот пазар што ја предизвика финансиската криза во 2008 година, која во тоа време ја одбележа и трката за Белата куќа.

Балонот нема да пукне

Иако верува во самата технологија на вештачка интелигенција, Генслер смета дека пазарите во моментов погрешно ја проценуваат и ги предупредува инвеститорите да се подготват за бурата.

Слични предупредувања издадоа менаџерот на хеџ фондови Реј Далио, економистот од Харвард, Кенет Рогоф и инвеститорот Мајк Новограц.

Од друга страна, некои аналитичари од Волстрит веруваат дека неодамнешните потреси се всушност доказ за отпорноста на секторот бидејќи акциите не колабирале.

Ед Јардени, претседател на Јардени рисрч (Yardeni Research) и поранешен главен економист во Дојче банк (Deutsche Bank), верува дека балонот нема да пукне, туку дека воздухот постепено ќе излегува преку самокорекцијата на пазарот.

Јардени истакнува дека токму стравот од балонот ги држи инвеститорите внимателни и ја спречува ирационалната еуфорија од 1999 и 2000 година, забележувајќи дека коефициентите цена-заработка на производителите на чипови веќе паднале под поширокиот пазарен просек.

„Ако сите се убедени дека вештачката интелигенција е меур, веројатно не е. Добро е што луѓе како Генслер нè држат сите приземјени бидејќи на некој начин тоа го намалува негативниот ефект“, рече Јардени.

Извор: ТРТ Балкан


Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев