| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Палењето на Куранот не може да биде слобода на говор
„Како што не е слобода на говор да се запали црква или синагога, не може да биде слобода на говор ни палењето на Куранот“, рече Ердоган по состанокот на Кабинетот одржан во главниот град Анкара
Ердоган: Палењето на Куранот не може да биде слобода на говор
Ердоган укажа на двојните аршини кога станува збор за ова прашање / Фото: AA / AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го инцидентот со палењето на Куранот во Шведска порача дека палењето на Куранот не може да биде слобода на говор, јавува Анадолу.

„Како што не е слобода на говор да се запали црква или синагога, не може да биде слобода на говор ни палењето на Куранот“, рече Ердоган по состанокот на Кабинетот одржан во главниот град Анкара.

Ердоган укажа на двојните аршини кога станува збор за ова прашање.

„Кога станува збор за нивната сопствена безбедност, оние што не признаваат никакви права, закони и принципи одеднаш се сеќаваат на слободата на мислење кога станува збор за светињите на муслиманите. Во рацете на овој менталитет, „слободата на говор“ е алатка што ги легитимира сите форми на исламофобија и ксенофобија“, рече Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на бранот демонстрации што ја зафатија Франција откако полицаец уби 17-годишно момче во близина на Париз на 27 јуни.

„Насилството, за жал, роди насилство и ги започна денешните случувања. Како и низ историјата до денес, отсекогаш било оние што сеат ветер да жнеат бура“, порача Ердоган и додаде:

„Посакуваме овие случувања, за кои сме загрижени, што побрзо да завршат, пред да се пролее повеќе крв и пред да се зголеми спиралата на насилство. Загрижени сме и дека овие случувања ќе доведат до нов бран на притисок, заплашување на имигрантите и муслиманите.“

На крајот тој се осврна и на напорите што Туркије ги вложува во обновата на подрачјата погодени од земјотресот, порачувајќи дека досега е започната изградба на 180.000 станбени единици.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7