| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лајчак: Има разбирање кај косовските лидери за трите точки што ги бара ЕУ
Специјалниот преставник на Европската Унија изјави дека постои јасна потреба за унапредување во делот на деескалацијата, предвремените избори и враќање на нормализацијата.
Лајчак: Има разбирање кај косовските лидери за трите точки што ги бара ЕУ
Лајчак имаше важни состаноци со премиерот на Косово Албин Курти и косовската претседателка Вјоса Османи / Photo: AA / AA

Од страна на косовските лидери постои разбирање да се тргне напред во однос на трите точки што ги бара ЕУ, изјави синоќа специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, по синоќешната средба со премиерот на Косово, Албин Курти. Според Лајчак деескалацијата на ситуацијата на северот на Косово една од точките за кои постои потреба од унапредување.

Лајчак смета дека тоа не е лесна задача и дека состаноците со претседателката Вјоса Османи и премиерот Курти биле важни.

„Постои јасна потреба да се унапредат три точки што ги претстави Европската Унија, а тоа се деескалација, предвремени избори и враќање на нормализацијата. Ќе продолжиме со нашите разговори за конкретните чекори за да достигнеме до овие точки“, нагласи Лајчак.

Тој не сакаше да го коментира воведувањето привремени казнени мерки од Европската Унија кон Косово поради несоработка во врска со деескалацијата на ситуацијата во општините на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

„Мојата желба беше Европската Унија да не ги спроведува овие санкции ниту на Косово, ниту во Србија. Мојата желба е во Брисел да разговараме со двете страни за тоа како да го примениме февруарскиот договор“, нагласи Лајчак.

Тој додаде дека се подготвени мерки и против Србија, доколку се сфати дека Белград не постапува во согласност со барањата на ЕУ. Лајчак денес престојува во посета на Белград.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ