| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Ставот на Туркије за руско-украинската војна фер и балансиран
„Вчера бевме домаќини на претседателот на Украина, Зеленски, во Истанбул. Веќе одржуваме близок дијалог со (рускиот претседател Владимир) Путин. Во август ќе се сретнеме и со Путин, се надевам“
Ердоган: Ставот на Туркије за руско-украинската војна фер и балансиран
Ердоган: Ставот на Туркије за руско-украинската војна фер и балансиран / Photo: AA / AA

Ставот на Анкара за руско-украинската војна е „фер и балансиран“, рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, укажувајќи на континуираните контакти со лидерите на двете страни.

„Како Туркије, зазедовме фер и балансиран став во војната помеѓу Русија и Украина... Додека ги зајакнувавме нашите односи со Украина, не дозволивме да се влошат нашите односи со Руската Федерација“, рече Ердоган на настан во североисточната турска област Бајбурт.

Изјавата следуваше еден ден по посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Истанбул на која се разговараше за билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања, меѓу кои најновите случувања во војната со Русија, Договорот за транспорт на жито преку Црно Море и напорите за мир и стабилност во регионот на Црно Море.

„Вчера бевме домаќини на претседателот на Украина, Зеленски, во Истанбул. Веќе одржуваме близок дијалог со (рускиот претседател Владимир) Путин. Во август ќе се сретнеме и со Путин, се надевам“, рече Ердоган.

Тој посочи и дека Анкара работи на ограничување на негативните ефекти од руско-украинската војна врз себе.

Туркије, која е пофалена на меѓународно ниво за нејзината улога на посредник меѓу Украина и Русија, постојано апелира до Киев и Москва да стават крај на војната преку преговори.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ