| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Втор ден од НАТО Самитот во Вилнус
Говорејќи на отворањето на собирот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека НАТО е регионален сојуз во Европа и Атлантикот, но дека предизвиците со кои се соочува се глобални
Втор ден од НАТО Самитот во Вилнус
Втор ден од НАТО Самитот во Вилнус / Photo: AA / AA

Лидерите на земјите членки на НАТО се состанаа на вториот ден од Самитот кој се одржува во Вилнус, главниот град на Литванија. Лидерите на земјите се собраа на состанокот на Северноатланскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

Покрај лидерите на 31 земја членка, на состанокот присуствува и Шведска како земја повикана во членството на НАТО. На состанокот се присутни и партнерите на НАТО, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд и Европската унија (ЕУ).

Говорејќи на отворањето на собирот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека НАТО е регионален сојуз во Европа и Атлантикот, но дека предизвиците со кои се соочува се глобални.

Столтенберг наведе дека настаните во евроатланскиот и индопацифичкиот регион се важни едни за други, дека војната во Украина има глобални реперкусии, дека тероризмот и сајбер заканите не познаваат граници, а дека авторитарните режими се сѐ поблиски.

„Мораме заедно да се залагаме за глобален поредок заснован на правила. Затоа е важно партнерите да учествуваат на денешниот Самит на НАТО“, рече Столтенберг.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?