| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Што содржи договорот на ЕУ и Косово за деескалација на северот на земјата?
Владата на Косово јавно ја изразува својата подготвеност да придонесе за деескалација на ситуацијата. Ова вклучува моментно намалување на присуството на полицијата за 25 отсто во и околу општинските згради на северот на земјата.
Што содржи договорот на ЕУ и Косово за деескалација на северот на земјата?
Што содржи договорот на ЕУ и Косово за деескалација на северот на земјата? / Photo: TRT Balkan / TRT Balkan

Владата на Косово изрази подготвеност да придонесе за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, што вклучува моментно намалување на присуството на полицијата за 25 отсто во и околу општинските згради во четири општини на северот на Косово каде што живее мнозинско српско население.

Од Владата на Косово соопштија дека тоа било договорено на состанокот одржан во понеделникот, на кој присуствувал заменик-премиерот на Косово, Бесник Бислими и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, во Братислава.

Намалување на присуството на полицијата

Со цел да се создадат предуслови за зајакнување на фокусот за целосна и безусловна примена на Основниот договор од 27 февруари и Охридскиот анекс од 18 март, договорени се следниве чекори:

• Владата на Косово јавно ја изразува својата подготвеност да придонесе за деескалација на ситуацијата и непреземање дејства што би можеле да ја ескалираат ситуацијата на северот на земјата. Ова вклучува моментно намалување на присуството на полицијата за 25 отсто и околу општинските згради.

• Косовската полиција, заедно со ЕУЛЕКС и КФОР, ќе ја процени безбедносната ситуација според потребата, особено за да ја разгледа можноста за понатамошно намалување на присуството на полицијата во и околу општинските згради.

Предвремени избори на северот

• Владата на Косово преку јавно соопштение го поддржува одржувањето предвремени избори во четири општини на северот од земјата и тоа по летната сезона. Косово ја изразува својата посветеност да ја обезбеди потребната правна основа за да овозможи организирање на овие избори.

• ЕУ ќе ги повика двајцата главни преговарачи во Брисел, со цел финализирање на планот за редослед на Договорот за нормализација, по што ќе започне примената на сите членови од договорот.

Наведените дејства ќе бидат завршени во рок од две недели.

Претходно, Европската Унија на крајот на јуни воведе привремени казнени мерки за Косово бидејќи косовските власти не ги исполнија барањата во врска со деескалацијата на ситуацијата на северот на Косово.

ЕУ од Владата на Косово побара да ги повлече специјалните сили на Косовската полиција и новоизбраните градоначалници Албанци од општинските згради во четири општини на северот на Косово и да распише нови избори на кои би учествувала српската заедница, која ги бојкотираше локалните избори во април.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ