| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вилнус: Ковачевски се сретна со грчкиот премиер Мицотакис
Соговорниците размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција и била потенцирана подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план
Вилнус: Ковачевски се сретна со грчкиот премиер Мицотакис
Ковачевски и Мицотакис се согласија дека соработката во енергетскиот сектор има клучно значење / Photo: vlada.mk

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, се сретна со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Според владиното соопштение, на средбата соговорниците размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција и била потенцирана подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план.

Двајцата премиери изразија задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Грција.

„Ковачевски и Мицотакис истакнаа дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Понатаму во соопштението се додава дека премиерот Ковачевски му ја честитал победата на неодамнешните избори на Мицотакис и изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Ковачевски му се заблагодарил на Мицотакис за силната грчка поддршка за интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата соговорниците разговараа и за актуелните регионални теми.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кремљ: Руската делегација не одржа разговори со европските претставници во Абу Даби
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Ердоган повика на климатски акции од развиените нации истакнувајќи го израелскиот екоцид во Газа
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата