| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Медведев: Третата светска војна е сѐ поблиску
Заменик-секретарот на Советот за безбедност на Кремљ и поранешниот претседател на Русија изјави дека „помошта на НАТО за Украина ќе го приближи светот до трета светска војна.“
Медведев: Третата светска војна е сѐ поблиску
Медведев: Третата светска војна е сѐ поблиску / Photo: AA Archive / AA Archive

Воената помош од НАТО за Украина ќе го приближи светот до третата светска војна, тврди поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

„Целосно лудиот Запад не можеше да смисли ништо друго. Предвидливост на највисоко ниво... Всушност, тоа е ќор-сокак. Третата светска војна е сѐ поблиску“, рече Медведев, кој моментно е заменик-секретар на Советот за безбедност на Кремљ, во изјава за Телеграм.

Медведев тврди дека прелиминарните резултати од овонеделниот Самит на НАТО во Вилнус излегле „исто како што мислеле“, конкретно укажувајќи на откажувањето на Акциониот план за членство на Киев во НАТО, поканата за Украина во Алијансата, и зголемената воена помош.

„Што значи сето ова за нас? Сѐ е очигледно. Специјалната воена операција ќе продолжи со исти цели“, додаде Медведев, користејќи го терминот на Москва за војната.

Тој, исто така, рече дека една од овие цели е да се спречи Украина да добие членство во НАТО, на што, како што рече, Русија „инсистирала од самиот почеток“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност