| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бајден му се заблагодари на Ердоган по договорот за Шведска во НАТО
„Претседателе Ердоган, Ви благодарам за Вашата храброст, лидерство и дипломатија“, напиша Бајден на Твитер заедно со видеото од неговата билатерална средба на маргините на Самитот во Вилнус.
Бајден му се заблагодари на Ердоган по договорот за Шведска во НАТО
Бајден му се заблагодари на Ердоган по договорот за Шведска во НАТО / Photo: AA / AA

Американскиот претседател Џо Бајден му се заблагодари на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган по постигнатиот договор за зелено светло на Анкара за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Бајден рече дека договорот за пристапување на Шведска, постигнат на состанокот на лидерите на НАТО во главниот град на Литванија, е историски.

„Претседателе Ердоган, Ви благодарам за Вашата храброст, лидерство и дипломатија“, напиша Бајден на Твитер заедно со видеото од неговата билатерална средба на маргините на Самитот во Вилнус.

„Овој Самит ја потврдува нашата посветеност на одбраната на НАТО и се надевам дека ќе продолжиме да ја правиме уште посилна“, додаде тој.

Ердоган се согласи да го прати Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО до Парламентот по трилатералната средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, и шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вилнус, Литванија, во понеделникот.

„Туркије отсекогаш ја поддржувала политиката на отворени врати на НАТО. Никогаш не спречивме ниту една земја да се вклучи во Алијансата од произволни причини“, изјави Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО веднаш откако Русија ја започна војната во Украина во февруари 2022 година.

Финска стана членка во април, а Туркије побара Шведска да ги реши нејзините безбедносни грижи, особено поврзани со тероризмот, пред да добие зелено светло.

Новите членки на НАТО мора да добијат едногласна согласност од сите сегашни членки. Туркије е членка на НАТО повеќе од 70 години и може да се пофали со втора по големина војска по САД.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ