| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган изрази надеж за продолжување на Договорот за жито
„Се подготвуваме да го пречекаме рускиот претседател Владимир Путин во Туркије во август. Имаме сличен став за проширувањето на коридорот за жито преку Црно Море.“
Ердоган изрази надеж за продолжување на Договорот за жито
Ердоган изрази надеж за продолжување на Договорот за жито / Photo: AA Archive / AA Archive

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази надеж дека страните во Договорот за пренос на жито преку Црно Море ќе го продолжат договорот, кој треба да истече во понеделник.

„Се подготвуваме да го пречекаме рускиот претседател Владимир Путин во Туркије во август. Имаме сличен став за проширувањето на коридорот за жито преку Црно Море.“

„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, прати писмо до Путин. Се надевам дека со ова писмо го ќе го осигураме продолжувањето на Договорот за коридорот за жито со заеднички наши напори и на Русија“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.

Пред една година Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, што беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да го надгледува извозот.

Првиот брод што превезуваше жито според историскиот договор во август исплови од украинското пристаниште Одеса.

Туркије, меѓународно пофалена за нејзината единствена улога на посредник меѓу Украина и Русија, постојано ги повикуваше Киев и Москва да ја прекинат војната преку преговори.

Руските официјални претставници навестија дека овој месец би можеле да го блокираат продолжувањето на Договорот за жито, жалејќи се дека делови од Договорот за дозволување на рускиот извоз останале неисполнети.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије доби пофалби за глобалното лидерство во борбата против фрлањето храна
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци