| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Реконструкција на култниот стадион: „Ноу Камп“ исчезнува во урнатини
Проектот за реконструкција на „Ноу Камп“ е вреден 1,5 милијарди евра, а ќе опфати доградба на покривот, уредување на сите трибини, нови семафори, нов телекомуникациски центар, изградба на нова сала…
Реконструкција на култниот стадион: „Ноу Камп“ исчезнува во урнатини
Реконструкција на култниот стадион: „Ноу Камп“ исчезнува во урнатини / Photo: AA / AA

Култниот стадион на Барселона „Ноу Камп“ исчезна во урнатините на градилиштето како дел од неговиот проект за реконструкција, а навивачите со тага го следат рушењето на фудбалскиот храм со кој имаат многу спомени.

Проектот за реконструкција на „Ноу Камп“ е вреден 1,5 милијарди евра, а ќе опфати доградба на покривот, уредување на сите трибини, нови семафори, нов телекомуникациски центар, изградба на нова сала…

Капацитетот на стадионот ќе биде зголемен на 105.000 седишта, а стадионот ќе има и ново име „Спотифај Ноу Камп“, како дел од нивното спонзорство со платформата за стриминг која на Барселона ќе и донесе околу 250 милиони евра.

Каталонците следната сезона ќе играат на Олимпискиот стадион „Монтјуик“, а во сезоната 2024/2025 се враќаат на својот стадион кој ќе биде отворен со капацитет од 50 проценти. Конечното отворање се очекува во 2026 година.

„Ноу Камп“ е дом на Барселона од нејзиното официјално отворање во 1957 година, кога го замени поранешниот стадион „Лес Кортс“, кој имаше капацитет од 48.000 седишта.

Првично, официјалното име беше „Естади дел ФК Барселона“, но наскоро го доби прекарот „Ноу Камп“ (во превод, ново поле). Ова име стана официјално дури во 2000 година, по гласањето на членовите на клубот.

Кога првпат бил отворен во 1957 година, примал 93.053 гледачи. Капацитетот беше зголемен на 120.000 за Светското првенство во 1982 година. Сепак, откако стоечките места беа укинати. капацитетот е намален на 99.354.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран