| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија ги демантираше извештаите за тајни преговори со САД за Украина
Захарова рече дека разговорот меѓу Лавров и група поранешни американски функционери на маргините на неговата посета на Обединетите нации во април бил претставен како „тајни разговори за Украина“.
Русија ги демантираше извештаите за тајни преговори со САД за Украина
Русија ги демантираше извештаите за тајни преговори со САД за Украина / Photo: AA Archive / AA Archive

Русија ги отфрли извештаите на медиумите според кои Москва и Вашингтон во април воделе тајни разговори за Украина.

Во разговор за рускиот ТВ-канал „Перви“, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ги демантираше информациите што кружат во американските медиуми дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имал состанок со поранешни американски претставници за да се воспостави неформален канал за комуникација.

Таа рече дека овие лажни извештаи намерно се шират за да се посее раздор во руското општество, додавајќи дека ќе продолжи да се појавуваат такви информации.

„Оваа тема постојано ќе 'плива' токму за да нѐ потресе, вклучително и внатрешно, да сее сомнение за она за што зборуваме, да кажеме или покажеме дека (и покрај тоа што САД ѝ испорачуваат оружје (на Украина), Русија, наводно и под такви услови, сè уште е подготвена да води некакви полулегални преговори со нив. Тоа не е точно“, нагласи таа.

Захарова рече дека разговорот меѓу Лавров и група поранешни американски функционери на маргините на неговата посета на Обединетите нации во април бил претставен како „тајни разговори за Украина“.

Според неа, разговорот бил фокусиран на актуелната ситуација во глобалните прашања, а за украинското прашање не се разговарало.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки