| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Пленковиќ-Гарибашвили: Хрватска ја поддржува Грузија на евроатлантскиот пат
Иако политичката и безбедносната ситуација во Грузија е тешка и чувствителна, Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Грузија во нејзините реформски напори, европските и трансатлантските амбиции, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ.
Пленковиќ-Гарибашвили: Хрватска ја поддржува Грузија на евроатлантскиот пат
Пленковиќ-Гарибашвили: Хрватска ја поддржува Грузија на евроатлантскиот пат / Photo: AA / AA

Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, во Бански двори го прими премиерот на Република Грузија, Иракли Гарибашвили, со кого разговараше за билатералните односи и евроатлантскиот пат на Грузија.

„Хрватска и Грузија имаат приближно ист број жители, а Грузија има амбиција да стане членка на ЕУ и НАТО алијансата во која ја има поддршката на Хрватска, изјави Пленковиќ.

Тој потсети дека минатата година Европскиот совет одлучи на Украина и на Молдавија да им даде кандидатски статус, додека Грузија исто така го доби тој статус, но со европска перспектива и обврска да ги исполни 12-те обврски кои се наоѓаат во мислењето на Европската комисија.

„Верувам дека до крајот на годината повторно ќе разговараме за сите три земји и дека Грузија ќе напредува за да може да оди понатаму кон членство во Европската унија во институционална смисла“, рече Пленковиќ.

Политичката и безбедносната ситуација во Грузија е многу чувствителна

Хрватскиот премиер додаде дека грузискиот претставник бил на последниот самит на НАТО во Вилнус и оти Грузија добила порака која се однесува на двата моментално окупирани региони на нејзина територија, Абхазија и Јужна Осетија, кои подоцна Русија дури и формално ги анектираше со своите акти, рече Пленковиќ.

Тој посочи дека се работи за ситуација на замрзнат конфликт, слична на ситуацијата во Крим, Доњецк и Луганск во Украина и Придњестровје во Молдавија.

„Политичката и безбедносната ситуација во Грузија е многу тешка и чувствителна“, рече Пленковиќ и додаде:

„Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Грузија во нејзините реформски напори, европските и трансатлантските амбиции.

Ја цениме силната поддршка на Хрватска за нашиот интегритет

Гарибашвили посочи дека Хрватска ја смета за пријателска и партнерска земја и дека за Грузија Хрватска е пример во Југоисточна Европа, имајќи предвид дека за три децении од независноста ги исполни своите главни цели, стана полноправна членка на Европската унија и го заврши интегративниот процес.

Гарибашвили денеска во Пантовчак официјално ќе ја отвори амбасадата на Грузија во Хрватска, што го оцени како можност за зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји и зајакнување на присуството на Грузија во овие области.

„Ја цениме силната поддршка на Хрватска за нашиот интегритет, територијалност, нашиот пат кон европската и трансатлантската интеграција“, рече Гарибашвили.

Тој оцени дека во изминатиот период Грузија ги зајакнала својата економија и демократските институции, додавајќи дека визната либерализација и Спогодбата за стабилизација и асоцијација се важни чекори на европскиот пат на Грузија.

„Актуелниот политички контекст покажува колку е важно да се диверзифицираат односите кога станува збор за снабдувањето со енергија и храна“, рече Гарибашвили.

Тој додаде дека Грузија, како црноморска земја и како сигурен партнер на Европската унија игра важна улога во транспортното и инфраструктурното поврзување на регионот, но и дека се подготвени да продолжат со дипломатските напори за решавање на прашањето за 20 отсто од територијата окупирана од Русија.

„Сакаме да ги подобриме нашите економски односи, рече хрватскиот премиер и го поздрави ангажманот на неколку хрватски компании кои работат во Грузија и ги покани грузиските бизнисмени да инвестираат во Хрватска.

Посетата на премиерот на Грузија Гарибашвили е прва посета на грузиски премиер на Хрватска во последните 30 години дипломатски односи меѓу двете земји.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата