| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Започна процедурата за уставните измени во македонското Собрание
Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.
Започна процедурата за уставните измени во македонското Собрание
Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.     Фото: АА (Архива) / Others

Во македонското Собрание во рамки на Комисијата за уставни прашања денеска започна процедурата за уставни измени. Предлогот за уставни измени кој Владата го достави до Собранието го образложи премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Пратениците од владеачките партии Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Либерално-демократска партија (ЛДП), ДОМ (Демократска обнова на Македонија), Алијанса за Албанците и другите помали коалициски партии ќе ги поддржат уставните измени.

Сепак, потребното двотретинско мнозинство од 80 пратеници за уставните измени не е обезбедено поради противењето на опозицијата предводена од партијата ВМРО-ДПМНЕ, која е со став дека не треба да бидат поддржани измените на Уставот.

Измените на Уставот се дел од преговарачката рамка на Северна Македонија со Европската унија. Ова уследи откако францускиот предлог за надминување на разликите меѓу Скопје и Софија беше ратификуван во македонското и бугарското Собрание.

Според преговарачката рамка, Северна Македонија до крајот на ноември, кога завршува скринингот треба да ги донесе уставните измени, по што треба да се одржи втората меѓувладина седница. Доколку тоа не се случи има предупредувања дека процесот за преговори со ЕУ би можел да запре.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата