| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Украина: Изминатата недела спроведена успешна офанзива против Русија
„Во насока на Бахмут, непријателот со сите сили се обидуваше да го спречи нашето напредување во текот на неделата, но нашите бранители постепено напредуваа...“
Украина: Изминатата недела спроведена успешна офанзива против Русија
Украина: Изминатата недела спроведена успешна офанзива против Русија / Photo: AA / AA

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар Украина истакна дека изминатата недела Украина извршила успешна офанзива против Русија во јужниот регион Запорожје.

„Одбранбените сили на Украина на југ продолжуваат да спроведуваат офанзивна операција во правците Мелитопол и Бердијанск. Во насока на Мала Токмачка-Роботина од регионот Запорожје тие беа успешни“, истакна Малиар преку Телеграм.

Таа нагласи дека украинските сили повторно ја презеле контролата на вкупно 204,7 квадратни километри територија на југ, вклучително и 12,6 квадратни километри во текот на минатата недела.

Таа рече дека на источниот фронт руските сили продолжиле да ги фокусираат своите главни напори во правците на Купијанск, Лиман, Бахмут, Авдиевка и Маринка, додавајќи дека во текот на изминатата недела во овие правци се случиле повеќе од 170 борби.

Според Малиар, руските сили се обиделе да напредуваат во правците на Купијанск, Лиман, Авдивка и Маринка, но тие биле „неуспешни“.

„Во насока на Бахмут, непријателот со сите сили се обидуваше да го спречи нашето напредување во текот на неделата, но нашите бранители постепено напредуваа. Ослободената област во насока на Бахмут е вкупно 37 квадратни километри. За една недела беа ослободени два квадратни километра“, рече таа.

Таа, исто така, потсети на тврдењата во четвртокот дека украинските сили повторно го зазеле селото Старомаиорске.

Руските власти сѐ уште не ја коментираа ситуацијата, а украинските тврдења не може да бидат независно проверени поради тековната војна.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Австралија подготвува закон со милијардски казни за технолошките гиганти
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Американскиот пратеник ги поздрави разговорите на Сирија со „Шеврон“ за енергетска соработка
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири