| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије се сеќава на дипломатот убиен од ерменска терористичка група
Галип Озмен и неговата 14-годишна ќерка беа убиени на 31 јули 1980 година во Атина од страна на терористичката група АСАЛА.
Туркије се сеќава на дипломатот убиен од ерменска терористичка група
Туркије се сеќава на дипломатот убиен од ерменска терористичка група / Photo: AA / AA

Туркије се сеќава на еден од своите дипломати и неговата ќерка кои беа убиени од ерменска терористичка група во 1980 година.

„Со почит се сеќаваме на нашите маченици, административното аташе на турската Амбасада во Атина, Галип Озмен, и неговата ќерка Неслихан Озмен, убиени од ерменската терористичка организација АСАЛА на 31 јули 1980 година“, објави турското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Озмен беше убиен заедно со неговата 14-годишна ќерка, додека неговата сопруга Севил

Озмен и неговиот 16-годишен син Каан Озмен, исто така, беа тешко повредени, но успеаја да преживеат.

Основана во 1975 година во Бејрут, Либан, за време на либанската граѓанска војна, АСАЛА е одговорна за стотици крвави терористички акти.

Во периодот 1975-1984 година турските амбасадори и дипломати беа цел на ерменски терористички групи низ светот.

АСАЛА уби над 30 турски дипломати и официјални лица во различни напади во текот на таа деценија. Ерменските терористички акти се интензивираа од 1980 до 1983 година, кога се случија 580 од 699 напади. Терористичките напади завршија во 1986 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО