| Macedonian
Новиот мобилен телефон на Хјуавеи откри важна промена во развојот на чипови
Процесорот на Хјуавеи Мате 60 Про ја користи најсофистицираната 7-нанометарска технологија и сугерира дека напорите на кинеската влада да изгради домашен екосистем за чипови даваат резултати, забележа Техинсајтс
Новиот мобилен телефон на Хјуавеи откри важна промена во развојот на чипови
Тестовите сугерираат дека брзините на пренос на податоци на Мате 60 Про се поголеми од телефоните со висока класа 5Г, забележува Ројтерс / Photo: Reuters / Reuters
10 септември 2023

Хјуавеи Технолоџис (HUAWEI Technologies) и кинескиот производител на чипови Семикодактор Мануфактуринг Интернешнл Корп-СМИЦ (Semiconductor Manufacturing International Corp-SMIC) произведоа процесор од 7 нанометри и го инсталираа во нов модел на мобилен телефон, откривајќи значителна промена во развојот на чипови, велат аналитичарите.

Процесорот инсталиран во новиот мобилен телефон на Хјуавеи Мате 60 Про се напојува со новиот чип Кирин 9000с, кој беше произведен од СМИЦ во Кина, според тестот на канадската истражувачка компанија Текинсајтс.

Хјуавеи минатата недела го објави Мате 60 Про со спецификации кои ја истакнуваат можноста за остварување сателитски повици. Не се дадени информации за моќноста на вградениот чипсет.

„Напорите на кинеската влада да изгради домашен екосистем за чипови се исплатуваат“

Процесорот ја користи најсофистицираната 7-нанометарска технологија на СМИЦ и сугерира дека напорите на кинеската влада да изгради домашен екосистем за чипови даваат резултати, забележа Техинсајтс.

Резултатите од тестот првпат беа објавени од Бломберг Њуз. Хјуавеи СМИЦ не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Купувачите на телефонот во Кина објавуваат видеа и ги споделуваат на социјалните мрежи резултатите од тестовите за брзина кои сугерираат дека брзините на пренос на податоци на Мате 60 Про се поголеми од телефоните со висока класа 5Г, забележува Ројтерс.

„Облак“ во Саудиска Арабија

Исто така, кинескиот технолошки гигант отвори центар за податоци во облак во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад претходно оваа недела што ќе му овозможи да ја прошири својата понуда на онлајн услуги на Блискиот Исток и Северна Африка.

Облак центарот за податоци во Ријад, 30-ти на Хјуавеи во светот, ќе ги поддржува саудиските владини услуги и ќе овозможи апликации и јазични модели базирани на вештачка интелигенција на арапски, рече претставник на Хјуавеи на брифинг.

„Воспоставувањето на облакот на Хјуавеи не само што ни служи, туку ќе биде и мост за носење други кинески компании во Саудиска Арабија“, рече регионалниот претседател на компанијата, Стивен Ји.

Саудиска Арабија предупреди дека почнувајќи од следната година, повеќе нема да потпишува договори со странски компании кои немаат регионално седиште во Кралството, наведува Ројтерс.

Хјуаевеи се рангираше на петтото место на глобалниот пазар на облак услуги во првиот квартал, со пазарен удел од 2,4 отсто, според истражувачката консултантска компанија Каналис.

Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство