| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Годинешниот Супербоул најгледан телевизиски настан во историјата на САД
Според СиБиЕС, која го пренесуваше натпреварот, Супербоул имал просечно 123,4 милиони гледачи на сите платформи, надминувајќи ја границата од 115,1 милиони за време на минатогодишниот Супербоул, a 202,4 милиони луѓе гледале барем дел од натпреварот
Годинешниот Супербоул најгледан телевизиски настан во историјата на САД
Една секунда рекламирање на Супербоул чини 233.000 долари / Photo: Reuters / Reuters
13 февруари 2024

Победата на Канзас Сити Чифс над Сан Франциско 49-ки во неделата во Супербоул е најгледаната телевизиска програма во историјата на САД, според прелиминарните податоци објавени во понеделникот од аналитичката компанија Нилсен и телевизијата СиБиЕс (ЦБС).

Според СиБиЕС, која го пренесуваше натпреварот, Супербоул имал просечно 123,4 милиони гледачи на сите платформи, надминувајќи ја границата од 115,1 милиони за време на минатогодишниот Супербоул помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс.

СиБиЕс додаде дека 202,4 милиони луѓе гледале барем дел од натпреварот, соборувајќи го рекордот од 184 милиони, поставен исто така на последниот Супербоул.

Вкупно 120 милиони гледачи кои го гледале финалето на плеј-офот на професионалната лига на американски фудбал (НФЛ) на ЦБС е рекорд за една телевизиска станица.

Во бројот од 123,4 милиони гледачи се вклучени претплатници на преноси на Никелодеон, Унивижн, Парамоунт+, НФЛ+ итн.

Супербоул е врв на американската забавна програма која совршено го комбинира спортот со спектакуларни музички настапи и реклами кои не само во САД, туку и ширум светот се третираат како врвни можности за маркетинг. Една секунда рекламирање на Супербоул чини 233.000 долари, а големите компании и годинава ангажираа врвни акери за своите реклами- Ентони Хопкинс, Џенифер Анистон, Бен Афлек, Мет Дејмон, Џенифер Лопез и други.

Со години, полувремето на Супербоул е синоним за одличен музички спектакл. Пејачот Ашер на овогодинешниот концерт настапи со неколку од неговите најголеми хитови, а како негови гости настапија Алиша Кис и други музичари.

Сепак, шоуто го „украде“ во моментов најголемата музичка ѕвезда, Тејлор Свифт. Таа специјално од турнејата во Јапонија допатува во Лас Вегас за да го бодри своето момче Тревис Келси од Канзас Сити Чифс.

Илјадници фанови на Свифт се надеваа дека тој јавно ќе ја побара за жена, но тоа не се случи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП