| Macedonian
Астрономите открија квазар 500 трилиони пати посветол од Сонцето
Квазарот, наречен J0529-4351 е галаксија која има активна супермасивна црна дупка во центарот која е помеѓу 17 и 19 милијарди пати поголема од масата на Сонцето и расте со најголемата брзина досега видена, а е оддалечен 12 милијарди светлосни години
Астрономите открија квазар 500 трилиони пати посветол од Сонцето
Астрономите веруваат дека троши количина на материја еднаква на 370 сонца годишно, што ја прави најбрзо растечката црна дупка досега / Photo: European Southern Opservatory
20 февруари 2024

Астрономите открија нов квазар кој е 500 трилиони пати посветол од Сонцето, што всушност е галаксија која има активна супермасивна црна дупка во центарот. Околу него се ротира огромна маса материјал кој поради триење и гравитација се загрева до милијарди степени и создава светлина.

Црната дупка што ја напојува се вели дека е помеѓу 17 и 19 милијарди пати поголема од масата на Сонцето и расте со најголемата брзина досега видена. Квазарот, наречен J0529-4351, е оддалечен 12 милијарди светлосни години и се верува дека се формирал околу 1,5 милијарди години по Големата експлозија.

Црните дупки во квазарите трошат огромно количество материја, а рекордниот квазар, откриен од австралиски тим чие истражување е објавено во списанието Нејчер, голта еквивалент на едно сонце дневно додека влече огромни количества гас.

„Овој квазар е најнасилното место што го знаеме во универзумот“ - изјави Кристијан Волф од Австралискиот национален универзитет и главен автор на истражувањето.

Ротирачкиот диск со гас околу црната дупка што емитира рекордни количини на енергија, истражувачите го споредија со космички ураган. Кога квазарот првпат бил забележан во 1980 година, се верувало дека е ѕвезда, но бил прекласифициран по набљудувањата во Австралија и пустината Атакама во Чиле, каде е сместен телескопот „Многу голем телескоп“ (ВЛТ) .

Астрономите веруваат дека троши количина на материја еднаква на 370 сонца годишно, што ја прави најбрзо растечката црна дупка досега, велат од Европската јужна опсерваторија.

„Во однос на осветленоста и веројатната стапка на раст, J0529-4351 е најекстремниот познат квазар“ - тврдат научниците.

Супермасивните црни дупки во центрите на галаксиите сè уште се мистерија и не е познато како се формираат.

Помалите црни дупки се создаваат по колапсот на јадрата на масивните ѕвезди и можат да станат поголеми ако се судрат со други црни дупки со ѕвездена маса, но супермасивните црни дупки се преголеми за овој процес.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Што е вирусот Нипа кој шири страв низ јужна Азија?
ЕУ сака да го сопре бесконечното скролување- го тужи ТикТок дека не го заштитува менталното здравје
Биткоинот изгуби 25 проценти од својата вредност во последните седум дена
Европски суд: Одлуката на Италија за забрана на одгледување на ГМО пченка е легитимна
Албанија ја укина привремената забрана за TикТок
Кина бара од ЕУ да дозволи фер конкуренција, ја критикува истрагата за Голдвинд како дискриминирачка
Маск: Рацијата во француските канцеларии на X е политички напад
Француската полиција врши претрес во канцеларијата на Х во Париз
Шпанија ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми
СпејсX го купи xAИ: Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
Десетици илјади вработени во јавниот превоз штрајкуваат во Германија
Сингапур ќе ја основа првата национална вселенска агенција во април
АпСкролд, конкурент на TикТок, е на врвот на АП Стор во САД
Кина најавува центри за податоци за ВИ во вселената
Франција воведува национална платформа за видеоконференции до 2027
Мета тестира премиум претплати на платформите Инстаграм, Фејсбук и Вотсап
Мета, ТикТок и Јутјуб соочени со значајно судење по тужба дека се штетни за здравјето на децата
Гугл ќе плати казна во тужба за тајно слушање на корисниците
ЕУ покрена официјална истрага за Грок на X поради експлицитни фотографии
Јужна Кореја ќе гради два нови нуклеарни реактори