| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Дани Алвес осуден на 4,5 години затвор за силување
Бразилецот ја доби речиси минималната можна затворска казна бидејќи обвинителот побара затвор од четири до 12 години, но судот како олеснителна околност го прифатил тоа што Бразилецот бил пијан кога ја силувал девојката во ноќен клуб во Барселона
Дани Алвес осуден на 4,5 години затвор за силување
Судот му нареди на 40-годишниот Бразилец да ѝ плати 150.000 евра на жртвата / Photo: Reuters / Reuters
22 февруари 2024

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес денеска ја дозна казната за случајот кој се водеше во Судот во Барселона против него. Алавес е осуден на четири и пол години затвор поради силување на една девојка во ноќен клуб кон крајот на 2022 година.

Алвеш ја доби речиси минималната можна затворска казна бидејќи обвинителот побара затвор од четири до 12 години. Имено, судот како олеснителна околност го прифатил тоа што Бразилецот бил пијан во моментот на делото.

Во казната му се пресметува и времето поминато во притвор, а тоа е малку повеќе од една година. Жртвата го пријави фудбалерот дека ја силувал во тоалет во ноќен клуб во Барселона. Судот му нареди на 40-годишниот Бразилец да ѝ плати 150.000 евра на жртвата.

Алавес е најтрофејниот фудбалер во историјата дури со 43 освоени трофеи во сениорскиот фудбал. Кариерата ја започна во Бахија во Бразил, а потоа замина во Европа, каде што прво заигра за Севилја, а потоа следуваше неговиот најдобар период во кариерата во која од 2008 до 2016 година играше за Барселона. Потоа замина во Јувентус, а има играно и за ПСЖ, Сао Пауло и УНАМ.

Во репрезентативниот дрес на Бразил има 126 меча и осум погодоци.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“
Иран: Нуклеарните разговори ја покажуваат сериозноста на САД
Кина ќе ги поддржи силите на Тајван кои се залагаат за обединување
Казахстан се откажува од „суперпретседателската“ форма на управување
Лавров: Преговорите за завршување на војната во Украина се во тек, сè уште има долг пат пред нас