| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Боби постхумно остана без титулата најстарото куче на светот
Гинисовата книга на рекорди соопшти дека по реакциите дека не е можно Боби да имал 31 година, започнала истрага за да се провери точноста на зрелата старост на кучето, но едноставно немало доволно докази за да се поддржат тврдењата на сопствениците
Боби постхумно остана без титулата најстарото куче на светот
Сопственикот на Боби долговечноста ја припишал на исхрана слична на човекот, а не на храна за домашни миленици, што не им се допаднало на ветеринарите / Photo: Reuters / Reuters
24 февруари 2024

Гинисовата книга на рекорди (ГСР) во четвртокот објави дека му ја одзема титулата на Боби, порано познат како најстарото куче на светот.

Боби од Португалија почина минатиот октомври и се сметаше дека тогаш имал 31 година и пет месеци.

Но набргу откако веста за неговата невидена возраст се појави на насловните страници низ светот, ветеринарите и експертите за кучиња ги изразија своите сомневања дека кучето можело да живее толку долго.

„Ова е еквивалент на човек кој живее повеќе од 200 години, што, со оглед на нашите сегашни медицински способности, е сосема неверојатно. Вонредните тврдења бараат вонредни докази, а не се обезбедени конкретни докази за да се докаже неговата возраст“, ​​изјави тогаш Дени Чемберс, ветеринар и член на советот на Кралскиот колеџ за ветеринарни хирурзи во Лондон.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека по реакциите започнала истрага за да се провери точноста на зрелата старост на кучето.

Според истрагата, едноставно немало доволно докази за да се поддржат тврдењата на сопствениците на Боби.

„Централно место за доказите на Боби беа податоците од микрочипот добиени од базата на податоци на португалската влада, СИАЦ, за кои се покажа дека, кога се чипираа во 2022 година, не барала доказ за возраста за кучињата родени пред 2008 година“, рече директорот на ГСР Марк Мекинли.

Понатаму, ветеринарната изјава што се користеше за поддршка на титулата на Боби исто така се засноваше на информациите за микрочипот кои можеле да бидат измислени.

Мекинли додаде дека организацијата засега не може да круниса ново најстаро куче.

Наместо да прифаќа само докази за микрочипови, тој рече дека Гинис ќе бара други документарни докази за возраста на домашното милениче.

„Секако се надеваме дека публицитетот околу рекордната титула ги охрабрува сопствениците на домашни миленици од целиот свет да стапат во контакт“, додаде тој.

Претходниот сопственик на Боби, Леонел Коста, бил информиран за одлуката, но допрва треба јавно да коментира.

Боби живеел цел живот со семејството Коста во селото Конкеирос, во близина на западниот брег на Португалија.

Неговиот сопственик, Леонел Коста, по првите ракции рече дека “елитата во ветеринарниот свет ... се обидела да им ја наметне на луѓето идејата дека животната приказна на Боби не е вистинита“.

Коста верува дека реакцијата се случила за што долговечноста на Боби ја припишал на исхрана слична на човекот, а не на храна за домашни миленици. Тој вели дека ова е спротивно на препораките на многу ветеринари.

„Сè ќе беше поинаку ако кажевме дека тој јаде храна за домашни миленици три децении“, рече Коста, додавајќи дека се што побарала ГВР за да ја потврди возраста на Боби е исполнето.

Претходниот рекорд го држеше австралиското говедско куче Блуи, родено во 1910 година, за кое се вели дека живеело 29 години и пет месеци.

Просечната очекувана возраст на расата на Боби, овчарско куче Алентејо е помеѓу 12 и 14 години.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници