| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европа добила за 14 отсто повеќе руски гас во 2024 година
Договорот меѓу Русија и Украина за испорака на гас во Европа, кој истече на 1 јануари предвидуваше транспорт на 40 милијарди кубни метри руски гас преку Украина годишно
Европа добила за 14 отсто повеќе руски гас во 2024 година
Рускиот Гаспром не може да испорачува гас преку Украина / Фото: AP / AP

Испораките на руски гас за Европа преку гасоводи се зголемиле за 14 отсто на годишно ниво во 2024 година со количина од вкупно 31,1 милијарди кубни метри. Испораките од Русија за Европа во 2023 година изнесувале 28,15 милијарди кубни метри, стои според податоците на Гаспром.

Испораките на гас за земјите од западна и централна Европа преку Украина изнесуваа 15,4 милијарди кубни метри во 2024 година, што е за 6% повеќе на годишно ниво.

Во меѓувреме, испораките на гас за земјите од јужна и југоисточна Европа преку гасоводот Турски тек се зголемија за 23 отсто на 16,7 милијарди кубни метри во 2024 година.

Само во декември 2024 година, извозот на руски гас во Европа преку оваа рута се зголеми за 3% во однос на ноември.

Договорот меѓу Русија и Украина за испорака на гас во Европа, кој истече на 1 јануари предвидуваше транспорт на 40 милијарди кубни метри руски гас преку Украина годишно.

Меѓутоа, по одбивањето на Украина да го продолжи договорот, рускиот Гаспром не може да испорачува гас преку Украина и ја прекина операцијата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ