| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ски центар „Михајлово”: Нова дестинација за зимска рекреација и спорт
„Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини“, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Ски центар „Михајлово”: Нова дестинација за зимска рекреација и спорт
Ски центар „Михајлово”: Нова дестинација за зимска рекреација и спорт / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ

Ски центар „Михајлово” вчера, на 01.01.2025 година, беше официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, четириесетина километри од градот Кавадарци. Има ски-лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица.

„Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини“, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој најави дека учениците од општината преку програмата за физичко образование ќе имаат бесплатно учење скијање. Проектот рече е развоен, најави уште две стази со по два километра и од 1.800 метри да се спуштат на 1.300 и подобра инфраструктура.

Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на свеченоста рече дека Владата продолжува да работи на реализација на проекти. Тој додаде дека ски – стазата претставува прекрасен објект. Притоа се заблагодари на сите општествено одговорни компании што учествуваа во изградбата на оваа стаза.

„Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани, туку луѓе од сите краеви на државата, да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион, затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост“, истакна претседателот на Владата.

Мицкоски се заблагодари на сите кои придонесуваат со својот ангажман во тоа, Кавадарци како општина, навистина да претставува едно прекрасно место за живеење.

„Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти, што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Така што заеднички кога се работи, успехот е тука“, нагласи премиерот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ