| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Судир на полицијата и приврзаници на отповиканиот претседател на Ј.Кореја
Претседателот Јун им рече на своите поддржувачи во средата, кои се собраа пред резиденцијата, „дека ќе се бори до крај“ за да ја заштити земјата, иако е издаден налог за негово апсење откако воведе краткотрајна воена состојба на 3 декември
Судир на полицијата и приврзаници на отповиканиот претседател на Ј.Кореја
Сѐ уште постои загриженост за можен конфликт меѓу поддржувачите на Јун и органите на редот кои мора да го уапсат најдоцна до понеделник / Photo: Reuters / Reuters

Инспекторите денеска не успеаја да го извршат налогот за апсење на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук- Јеол додека илјадници луѓе се собраа пред неговата резиденција за да го спречат неговото апсење.

Полицијата денеска насилно растера триесетина приврзаници на Јун откако ја пробија полициската бариера за да протестираат пред влезот на претседателската резиденција.

Јун им рече на своите поддржувачи во средата, кои се собраа пред резиденцијата, „дека ќе се бори до крај“ за да ја заштити земјата.

Канцеларијата за истрага на корупцијата кај високи функционери (ЦИО) доби налог за апсење за Јун во вторникот под обвинение за бунт и злоупотреба на власта, откако тој воведе краткотрајна воена состојба на 3 декември.

Валидноста на налогот за апсење истекува во понеделник, што доведе до

шпекулации дека ЦИО би можел да се обиде да го приведе Јун уште во петок, објави Јонхап.

Агенцијата вели дека се уште постои загриженост за можен конфликт меѓу поддржувачите на Јун и органите на редот.

ЦИО доби налог за апсење на Јун, откако тој ги игнорираше сите три покани да се појави на сослушување како дел од заедничката истрага на ЦИО со истражните единици на полицијата и Министерството за одбрана за воведувањето на воена состојба на 3 декември.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре